Меѓу изложувачите на Tokyo Art Book Fair 2017 ќе се претстават и македонските PRIVATEPRINT.

На саемот, кој ќе се одржи од 5 до 8 октомври, ќе бидат изложени книгите и другите публикации на PRIVATEPRINT, а ќе бидат претставени и нашите уметници, автори на публикациите.

На 9-тото издание на Tokyo Art Book Fair, саем фокусиран на уметничките книги во поширок контекст, ќе се претстават над 350 различни изложувачи – издавачи, книжари, галеристи, уметници и сл. – од Јапонија но и, во голем број, од светот.

PRIVATEPRINT е издавачка куќа од Скопје, посветена на уредување, создавање и поддршка на уметнички книги, уметнички и кураторски истражувачки проекти и останати слични публикации. Основачи и главни уредници се Марија Христова и Илија Прокопиев.

Повеќе за Tokyo Art Book Fair 2017 може да дознаете тука, а каталогот на PRIVATEPRINT на англиски и јапонски е достапен тука.

Comments

comments