Конечно! По точно 9 години ќе имаме можност да преслушаме нови песни и нов албум на Tool.

Се приближува се повеќе и повеќе издавањето на новиот и долгоочекуван албум на бендот Tool. За оваа новост проговори гитаристот Adam Jones кој мошне возбудено говореше околу успешната завршница на 8-годишниот правен спор кој го имаше бендот.

Додека американскиот рок бенд допрва треба да го објави датумот на пуштање на албумот во продажба, како наследник на нивниот последен албум насловен 10.000 Days, магазинот Rolling Stone објави дека по позитивната судска одлука поврзана со спорот помеѓу бендот и нивната издавачка компанија, фронтменот Maynard James Keenan и остатокот од групата конечно се спремни за работа и издавање на нов албум и песни.

Гитаристот Adam Jones открива во ексклузивното интервју за Yahoo Music дека нивните фанови може да очекуваат нов албум штом овој правен спор ќе им се тргне од патот, и ќе бидат слободни во своето изразување и творење.

„Нашата најголема сила е слободното музицирање и креирањето на нови нешта кои впрочем целиот живот ги правиме” – Adam Jones.

„Ние тоа го правиме моментално многу добро и работиме со полна пареа, и притоа јас сум многу возбуден околу новиот проект кој се крчка. Имаме потешкотии и некои делчиња се тешко изводливи, некои се доста комплексни, додека пак други се едноставно дел од атмосферата и амбиентот кој го имал, го создавал и ќе го создава Tool. Мислам дека расчистувањето со овој правен спор само ќе ги забрза работите и конечно ќе имаме нов албум,” изјави Jones.

Сепак, додека прогресот и изработката на новиот албум на Tool оди напред и се е по планот, членовите на овој бенд се релаксирани и не се брзаат, објаснувајќи додека сеуште има оган и сила во нив за нови проекти, тие ќе работат, но сепак тие не се млади како некогаш и едноставно мораат да остават работите да „легнат”.

„Ние сме постари момци сега,” објаснува Jones. „Секој од нас има свој живот, и оганот и желбата која што гореше во сите нас кога бевме во раните 20-ти години од нашите животи не постои повеќе. Се појавува нов пожар и искра на надеж за креирање на нови дела, но овој оган и жар се со поинакво значење. Се разбира, ние сеуште пишуваме и работиме напорно, но дојдени сме до точка каде што работиме опуштено и нашите конструктивни средби се се поретки, а не секојдневни и исцрпувачки како во младоста.”

tool-large

Истотака и вокалот на Tool, Maynard James Keenan проговори за новината во својот бенд преку својот Facebook профил.

„Честопати доаѓам во студио и ги проверувам моите колеги околу тоа како оди прогресот со пишувањето на нови песни… Јас сум возбуден и брзам со завршувањето на новиот албум како и секој друг, али за да имаме квалитетен финален продукт, не смееме да ги брзаме колегите” – Maynard James Keenan

Говорејќи за Loud Wire, 51-годишниот метал пејач го сподели своето искуство околу справувањето со долгиот правен спор, кој траеше цели осум години пред да стигне до позитивна завршница. „Нашиот предмет беше префрлен во судот на Северен Лос Анџелес каде што ни беше доделен нов судија, кој впрочем беше фантастичен,” изјави за тужбата Keenan. „Знаеш како беше неговото име? Randy Rhodes! Знаев дека моќта на метал музиката, и благодарноста кон нејзе еден ден ќе биде мојот ангел чувар.”

„Ние ќе го буткаме случајот до крај и сакаме да го победиме нашиот противник на легален начин. Но, секој пат во овие 8 години кога требаше да одиме на судење и да почнеме со постапката, доаѓаше до одложување на рочиштата и сиот овој период само трошевме пари, енергија, желба и креативност.”

Еве едно кратко видео од новиот проект на Tool објавено на Instagram од Adam Jones.

 

A video posted by Adam Jones (@adamjones_tv) on

 

Се надеваме дека крајот на ова патување на Tool е во блиска иднина, и после оваа нивна авантура следува почетокот на едно ново поглавје во историјата на Tool. Едноставно човештвото повторно е спремно за Tool во нивните уши и умови.

 

Comments

comments