Скоро е невозможно да не сте ги приметиле до сега. Ако сте на Tumblr, тогаш сте опколени од нив – двојно експонирани фотографии од амбициозни фотографи кои ја користат оваа техника за да ја зачинат визуелноста на својот труд.

Но, не се залажувајте дека станува збор за нешто ново. Овој вид на техника дошол најверојатно пред мене (а и пред тебе), но во последно време повторно стануваат хит (благодарејќи на група фотографи кои ја популаризираа посебната техника особено користејќи ја на портрети во комбинација со добра архитектура).

 

„Пионери“ во трендот

Dan Mountford (2010)

Фотографиите на Mountford (направени со апарат и минимална пост-продукција) беа меѓу првите популарни (заклучок од нашето мало истражување) двојно експонирани фотографии. Не е тој таткото на техниката, ама неговите дела се страшно впечатливи.Dan Mountford (1)

Dan Mountford (3)

Dan Mountford (2)

 

Aneta Ivanova (2012)

Градските и природните пејзажи преовладуваат во портретите на Ivanova (направени со дигитален апарат, плус фото едитинг софтвер). Aneta е 23 годишен фотограф од Варна, Бугарија. Ако го погледнете нејзиното портфолио ќе видите дека поголемиот дел од нејзините фотографии се двојно експонирани портрети. Еве како таа ги создава.

Aneta Ivanova - Under the waves

Aneta Ivanova - Nature

 

Ќе ги видите и на True Detective

Patrick Clair (режисер) ја користи оваа техника на двојно експонирање во воведот на својата True Detective. Интрото на овој HBO хит (уредено од Elastic и Antibody) – фотографии од протагонистите сместени во мрачни сцени на индустриски имоти, напуштени мочуришта и игралишта – достигнува исклучителна естетика.

 

 

Како што ни објасни Patrick Clair во интервју за Art of the Title, идејата на таа секвенца е преку двојната експозиција да се долови приказната на ликовите преку нивните опкружувања и борбата со сопствените конфликти.

Фотографиите во интрото, инспирирани од фотографот Richard Misrach, се направени користејќи дигитална снимка за да се направи надреален ефект. Придушените бои и звуци перфектно се вклопуваат со типот на серијата и поставеноста.

 

… И во музички видеа

Исландската пејачка Soley прави неверојатна музика, а во нејзиното видео за „I’ll Drown“ (објавено пред 2 години) ја користи токму оваа техника. Минатогодишното видео на The Peach King, „Be Around“ е  исто едно од оние во кои се користи двојна експозиција.

 

 

… И во реклами

Американскиот фотограф Tim Tadder (генијалец за рекламни кампањи) моментално заврши една кампања која вели дека му била инспирирана од двојно експонираните фотографии на True Detective. Во овие реклами, портрети од фудбалери како Kyle Beckerman и Robbie Rogers кои играат во лигата на САД се комбинирани со тропските убавини на Бразил.

Tim Tadder (3)

Tim Tadder (2)

 

… И во Македонија

Многу и од нашите локални фотографи ја имаат успешно искористено оваа техника. Ние успеавме да најдеме дел од нив. Еве погледнете. Останатите кои не ги пронајдовме слободно споделете ги, па ќе ги додадеме.

 

Моника Муличковска
Monika Mulichkovska

Ерина Богоева
Erina Bogoeva

Zewlean Icarus (Димитар Апостолов)
Zewlean Icarus

Gorjan GilevskiGorjan Gilevski

 

Галерија

 

Comments

comments