За Нас
Reborn е македонска екипа од ентузијасти, обединети заради потребата од поблиско запознавање, промовирање и следење на сите културни нешта – дизајн, музика, уметност и пошироко.
Препознавањето на целта е потешко, па затоа ќе се обидеме да ја дефинираме преку негација. Нашата цел не е да сме само уште еден обичен портал кој ќе го пополнува сајбер просторот, туку ние се стремиме да станеме еден вид културно движење кое има за цел да ги инспирира, мотивира и охрабрува младите преродбеници.
Името, Reborn, е симбол на нашата амбиција и намера за разбранување на културните духови на македонската почва. Преку нашите онлајн публикации сакаме да ги промовираме нашите артисти, музичари и секакви креативци кои на било каков начин ги збогатуваат МАКЕДОНСКИТЕ културни сокаци.
Како публикација, освен локални теми ќе ги објавуваме и светските трендови во модата, музиката, уметноста (по вкусот на Reborn екипата). Исто така, имаме план во иднина да организираме локални настани како изложби, уметнички дружби, и фестивали.
Расположени сме за соработка, партнерство и дружба на сите фронтови и отворени сме за финансиско и креативно учество во било какви културни проекти и евенти во Македонија.
Пишете ни за сè, за вашите идеи, желби, пофалби и критики. Сè што ве инспирира и сè што ве мачи. Секој фидбек е добредојден!
Останете креативни,
Тимот Reborn
КОНТАКТ и МАРКЕТИНГ
За маркетинг услуги, спонзорство и партнерство, контактирајте нè на:
078/ 270 023
dimitar@reborn.mk
ТИМОТ
[embedsocial_stories_popup id=”ba3aa062657e7095a6e8212a0f2b1580f61d6095″]