Веројатно сте ги приметиле овие ретро, психоделични и романтични колажи кои се вртат на социјалните мрежи и арт портали. Мистериозниот уметникот зад нив е Eugenia Loli.

Убавината е релативна работа, особено кога станува збор за уметност. Од една страна, убавина во класична смисла постои во цвеќе, жена, зајдисонце, итн., а од друга страна пак може да се појави во тотална друга екстрема, во трња, солзи и темнина. Многу тешко се наоѓа златната средина помеѓу двете. Уметникот Eugenia Loli, има редок талент за да ги спои тие светли и темни моменти, природата и деструкцијата, убавиците со ѕверовите. Loli користи фотографии скенирани од винтиџ списанија и книги за наука и научна фантастика за да создаде бизарни визуелни дела и да го прошири нашиот концепт за убавина.

„Никогаш не бев заинтересирана во колажите како уметност“, изјавува Loli. „Но во 2011 година, се роди нов стил на колаж, ретро-футуристичен, кој се појави на Tumblr… и тоа едноставно беше љубов на прв поглед.“

Нејзините колажи се често украсени со сарказам и хумор и кријат подлабока порака од тоа што е првично прикажано. Иако е активна како уметник само 2-3 години, делата на Loli се веќе објавени низ многубројни светски магазини и списанија.

 

Naive Honeymooners © Eugenia Loli

 

Rising Mountain © Eugenia Loli

 

The Conquest of Nature © Eugenia Loli

 

Rocky Start © Eugenia Loli

 

Bloomy Kiss © Eugenia Loli

 

The Master © Eugenia Loli

 

The Sphinx © Eugenia Loli

 

Toasted © Eugenia Loli

 

A Creek Between Us © Eugenia Loli

 

Demon © Eugenia Loli

 

Gold Digging © Eugenia Loli

 

Natural History Museum © Eugenia Loli

 

Lunar Vacations © Eugenia Loli

 

Light It Up © Eugenia Loli

 

Unrequited Fantasies © Eugenia Loli

 

IAMI © Eugenia Loli

 

Catch the Wormhole of 3:45 PM © Eugenia Loli

 

Dusty and Dicey © Eugenia Loli

 

One Gun, One Rose, Two Moths © Eugenia Loli

 

Comments

comments