На 13 години играв „народна“ на улица, а гитаристот Malcolm Brickhouse, басистот Alec Atkins, и тапанарот Jarad Dawkins на 13 потпишаа договор за снимање на два метал албуми со Sony.

Do dreams really come true? Можеби е излитена фраза што денес премногу често се користи, а со тоа сме и го заборавиле значењето или преминала во узречица. Oвие преслатки дечиња сигурно ќе ви ја вратат вербата во сонувањето и ќе ве охрабрат да направите нешто во врска со нивното остварување.

Метал бендот Unlocking the Truth е составен од три црни тринаесетгодишни дечиња кои се трудат да ја сменат сликата за металот ДЕНЕС. Настапуваа на Coachella, свиреа со Guns ‘N’ Roses и Queens of the Stone Age, а многу е веројатно зделката со Sony да достигне вредонст од околу $1,7 милиони.

ulocking-the-truth

„Follow your dreams“, навистина стана клише фраза, секојдневно ја читам можеби 10 пати. Фотките на Tumblr и Pinterest со длабоки мисли да го следиме срцето и да го правиме она што го сакаме; Постовите на фејсбук – следи ги своите соништа, работи го она што го сакаш и нема да работиш ниту еден ден во својот живот и други слични на оваа. Можеби стана популарно до степен да навистина заборавиме да си го слушаме срцето. Ги слушнав децата што имаа да кажат и знаат многу повеќе од мене што навистина значи да не се плашиш да сонуваш и да работиш кон остварување на сонот.

 

Comments

comments