Има нешто мистично околу фактот дека сме сведоци на распаѓањето на некогашните грандиозни и помпезни замоци. Раскошни украси паднати и оставени на милост и немилост на времето, некогаш фамозни сали и ходници денес се домаќини на бројни инсекти и прав.

Еве седум од многуте пропаднати и напуштени (но сепак величествени и полни со историја) замоци ширум светот кои се фасцинантни да се погледнат и посетат.

1. Замокот во Пидхиртси, Украина

Овој замок, кој е изграден помеѓу 1635 и 1640 година, бил некогаш богато декориран, но за време на Првата светска војна, руските воени сили го уништиле неговиот раскошен ентериер, а со тоа и неговата тогашна магија. Подоцна, замокот бил присвоен од страна на кнезот Роман Сангушко, кој отстранил дел од вредните парчиња мебел во 1939 година и ги однел во Бразил. По Втората светска војна, Советските сили повторно го отвориле замокот и го ставиле во функција, но овојпат во друга улога, т.е. како Туберколозен санаториум. Во 1956 година дојде крајот за ова историска градба која беше уништена од пожарот кој беснеел цели 3 недели, којшто и ги претворил во прав и последните вредни парчиња. Галеријата на уметност од Лвив се обидува да го врати сјајот на овој замок, но во моментов не постојат никакви видливи промени.

2. Замокот Миранда, Белгија

Замокот Миранда е изграден во 1866 година од страна на англиски архитект за семејството Liedekerke-Beaufort. Семејството живеело таму сè до Втората светска војна, се до моментот кога замокот бил превземен од страна на државната железничка компанија од Белгија.


Замокот стои празен од 1991 година, а се верува дека тоа е така поради тоа што семејството Liedekerke-Beaufort одбива да го предаде на надлежните власти, т.е. Општината Celles.

3. Halcyon Hall, Bennett College, Њујорк

Halcyon Hall е изграден како луксузен хотел во 1890, но затворен во 1901. Меѓутоа, оваа градба ја доби својата втора улога, кога стана дом на Училиштето за девојки Бенет, кое било наменето само за ученици од истакнати семејства. Меѓутоа, со појавата на училиштата наменети за девојки и машки, Halcyon Hall повторно остана празен поради банкротот на Бенет, и во 1978 година му беа затворени вратите.

4. Замокот на Kasteel van Mesen, Белгија

Овој замок кој датира од далечната 1628 година, низ својата историја бил домаќин на фабрика за тутун, фабрика за призводство на џин. По Првата светска војна беше претворен во интернат за девојчиња финансиран од страна на белгиската аристократија. Во 1971 година, откако Француското образование беше забрането во Фламанскиот регион, интернатот престана со своите активности и замокот беше напуштен. Неговиот крај дојде во 2010 година кога истиот беше урнат.

5. The Lillesden, Велика Британија

Оваа палата е изградена помеѓу 1853 и 1855 година од страна на познатиот банкар Edward Lloyd. По Првата светска војна, палатата беше продадена и стана јавно yчилиште за девојки. Училиштето беше затворено во 1999 година, а од тој момент палатата е целосно напуштена.

6. Палатата на Принц Said Halim, Египет

Оваа престолнина беше дизајнирана од страна на Antonio Lasciac во 1899 година. Подоцна, истата беше претворена во едно од најдобрите средни училишта за момчиња (Al-Nassiriyah). Истата стои празна од 2004 година до денес.

7. Дворецот во Muromtzevo, Русија

Рускиот архитект P.S. Boitzov сопствената кариера ја изградил врз база на креирање  средновековни замоци со препознатлив француски стил. Палатата Muromtzevo е најспектакуларната од нив.

Comments

comments