FKA twigs објави нова песна која ќе биде дел од нејзиниот очекуван EP.

Песната насловена „Figure 8“ е делумно инспирирана од танцот наречен „вогинг“ (voguing). „Секое движење на раката во вогинг ја претставува фигурата на осмицата (Figure 8), која означува вечност“, изјави twigs.

 

 

Мрачната мелодија на песната потекнува од период на депресија и збунетост кој следел по објавувањето на нејзиниот прв албум LP1. Песната ќе биде дел од долго очекуваниот EP кој се шушка дека ќе биде насловен Melissa.

FKA twigs, позната низ таблоидите како девојката на Robert Pattinson, е според мене, една од најиновативните и најинтересните ликови во денешната музичка сцена. Навистина е тешко да се опише нејзината уметност, мистериозност, и убавина. FKA twigs е нешто што едноставно мора да се доживее. Ако не сте ја доживеале до сега, би ви препорачал да почнете од тука.

 

Comments

comments