Berlin Atonal е модерната инкарнација на култниот Atonal – фестивал започнат во 1982 кој во историски контекст стои рамо до рамо со Newport, Woodstock, и Glastonbury како настан од суштествено влијание врз иднината на музиката и музичките трендови кои ги третира.

Доколку во тоа време сте сакале да ги видите Psychic TV, Cabaret Voltaire, Einstürzende Neubauten и сите возбудливи нови индустриски музики едноставно немало многу други опции освен вадење на источногерманска виза (или не, за носителите на југословенски пасоши) и пат до Kreuzberg (источен Берлин)

“The first Berlin Atonal Festival in 1982 belongs to the category of events that have the power to change our perception of a city entirely… the festival coined Berlin as a city that originated serious, existentialist music.” – Electronic Beats, 12.07.13

 

 

Сепак, после паѓањето на Берлинскиот ѕид, фестивалот ја губи својата локација во Kreuzberg и не стига да го прослави својот 10ти роденден во оригиналната форма.

Последното издание е во 1990, а главниот кративен двигател на целата организација – Dimitri Hegemann – врти ново поглавје во музичката историја на Берлин и наскоро го отвора клубот Tresor – организацијата која стои зад возобновувањето на фестивалот во неговата модерна форма во 2013.

Токму оваа година, во ек на празнувањата на 25 годишниот јубилеј на Tresor најмногу се наметнува потребата Atonal под кураторската палка на Laurens von Oswald, Harry Glass и Paulo Reachi храбро и бескомпромисно да тргне во спротивната насока од мајчинскиот клуб, чија репутација тоне помеѓу обвинувањата за селективна меморија околу сопствената историја, расистичките и дискриминаторски испади на обезбедувањето и веќе неподносливата атмосфера на техно туризам клишеата.

 

 

Самата програма, составена од голем број на уникатни дела создадени специјално за фестивалот, но и настапни на кремот на модерната електронска и електроакустична сцена ветува многу, но и свесно игра на надежта дека Berlin Atonal (па и Берлин како град) ќе се наврати на етносот и своите историски корени од 80-те како алтернативен фестивал за авангардна и „индустријализирана” музика која веќе повеќе од 30 години е модус операнди на берлинската сцена.

Но, се погласни се критиките дека клубскиот туризам, безвредните музички изрази и процесите на гентрификација го претвораат Берлин во еден голем карневал налик на Ибица.

 

 

Одговорно тврдам дека не е таков случајот во зимските месеци кога температурата не мрда над -20 степени (слично концепираниот transmediale/CTM фестивал најчесто се одржува кон крајот на јануари), летниот Берлин кога пристигнуваат најголем дел од 135те милиони туристи на годишно ниво, е нешто сосема поразлично.

Реки од претежно млади туристи – студенти, рејвери, баскери ги преплавуваат парковите и влезовите на клубовите – пракса што резултира во навистина неразумни редови за влез – еве ја на пример редицата за Berghain од минатиов викенд.

 

 

Во наредните неколку дена ќе можете да ги прочитате моите мисли за програмата и артистите, заедно со неколку пикови на настапи кои навистина не е во редда ги пропуштите доколку сте се решиле да го посетите фестивалот, како и по некое интервју и секојдневни рецензии/рекапитулации на фестивалот.

 

Comments

comments