Ситуирана во непосредна близина на реминесцентната шопинг и бизнис улица Passeig de Gràcia во Барселона, продавницата „Little Shoes“ е дизајнирана најмногу со цел шармирање на младата популација.

Целосно организиран во модуларна квадратна мрежа и изведен од италијански керамичики плочки, ентериерот ги интерпретира правите подредени линии во детските школски тетратки. Тој истовремено ја потенцира и функционалната организација во просторот.

little-shoes-shop-nabito-architects-barcelona-designboom-02

Атмосферата потсетува на преадолесцентен школски амбиент каде мрежата (работните задачи) и композицијата на кубусите (детската игра) се заемно калибрирани со декоративни детали во пастелни бои.

Минималистички изведениот, керамички ентериер е заживеан преку колоритниот контраст произлезен од динамичната позиционираност на разнобојните продажни продукти.

 

Галерија

 

Comments

comments