Ако сакате да избегате за момент од холивудските блокбастери, еве неколку филмови од оваа година кој нас не импресионираа и мислиме дека вредат да се погледнат.

What’s Left of Us

WHAT’S LEFT OF US

Во денешниве филмови и серии има куп приказни за апокалиптични кошмари, но ниту една од нив не е како новиот филм на Christoph Behl. What’s Left of Us е фасцинантна драма маскирана како научно-фантастичен зомби трилер. Тројца 20 годишни дечки (двајца момци и една девојка) живеат скриени во бункер во центарот на Буенос Аирес и мислат дека се последните луѓе на планетата. Во текот на филмот, секој од нив дознава дека љубовта и љубомората можат да бидат исто толку смртоносни како и зомбињата кои ги чекаат пред врата.

Трејлер

 

Gente de Bien

GENTE DE BIEN

Сиромашна колумбијска мајка мора да оди да бара работа во Америка и притоа го праќа нејзиниот син да живее со неговиот татко кој едвај го познава. Поради финансиска немоќ, таткото го замолува својот работодавач, прилично богат универзитетски професор, да се погрижи за детето. Оваа социјална драма на Franco Lolli ги прикажува животите на работничката класа во маалата на Богота, Колумбија.

Трејлер

 

Slow West

SLOW WEST

Slow West не е типичен каубојски филм. Во најмала рака, само поради тоа вреди да се види. Ова е режисерското деби на John Maclean кој во својот секојдневен живот е дел од инди-бендот The Beta Band. Michael Fassbender глуми баунти хантер (ловец за награда) кој му помага на млад шкотски аристократ да си ја најде вистинската љубов на другата страна на Колорадо.

Трејлер

 

Black Coal, Thin Ice

BLACK COAL, THIN ICE

Black Coal, Thin Ice,  детективскиот трилер на Diao Yinan, е добитник на Златна Мечка, награда доделена во Берлин на Интернационалниот Филмски Фестивал во 2014. Liao Fan, актерот кој ја има главната улога, исто така ја освои наградата за најдобар актер. За посебна пофалба е кинематографијата на Jingsong Dong која вклучува пастелни тонови за дневни сцени и неонско осветлување за ноќни ентериери и екстериери.

Трејлер

 

Ex Machina

EX MACHINA

Бивши новелист и сценарист, Alex Garland, прави возбудувачко филмско деби. Како научна-фантастика, филмот има класичен мотив (научникот и својот изум) и од таму ја води приказната на нови неистражени насоки.

Трејлер

 

 

Comments

comments