Во чест на победата на Pharrell на овогодинешниот The Voice, преку неговиот кандидат Sawery Fredricks, во прилог Ви претставуваме една кратка-приказна за неговиот почеток во музиката и ненадминливиот успех на мега хитот Happy.

Неговото присуство е насекаде низ светскиот шоу-бизнис како на пример Pharrell е продуцент на Jay Z, Britney Spears, Gwen Stefani, Justin Timberlake и the Neptunes, судија на The Voice, артист и дизајнер кој соработуваше со Louis Vuitton, Uniqlo, и неговите Billionaire Boys Club, како и неговото прогласување за една од највлијателните модни икони за оваа година.

Во 2006 година го снима првиот сингл за кој самиот смета дека не e доволно добар и е премногу егоцентричен. Така, по неколку години Columbia Records му нуди предлог и тој ја потпишува соработката со Daft Punk. И така се случува Happy. Песната ја напишал едноставно за човек кој оди среќен по улица затоа што чувствува љубов за прв-пат. По снимањето на видео клипот, песната станува -“сечија,”- милиони луѓе излегуваат со нивна верзија за спотот. Песната станува мост кој ги поврзува луѓето насекаде низ светот.

Неговиот шешир има и твитер акаунт. Негов пријател му го купува како подарок пред шест години и тогаш го носи прв пат на интервју на MTV, а по шест години го носи втор пат на Grammys во 2014 г.

Израснат е во Вирџинија, се уште има куќа  иако живее насекаде. Има и куќа на Мајами. Кога тој растел во Вирџинија, системот им наложува на  младите луѓе да мора да се ограничат и да бидат определни само во еден тип, пример ако не слушаш Sugarhill Gang, тогаш слушаш Black Sabbath или Styx.

-“Интернетот го олеснува живот, младите можат да истражуваат и самите да најдат бендови кои ги сакаат, тие се отворени и нема да дозволат да бидат цензурирани или ставени во рамка. Секако негативната страна на интернетот е дека луѓето се дисконектираат едни со други. Но, по Je suis Charlie, се воодушешив од тоа како може целото човештво да застане во сопствена одбрана и да се поврзе“- вели Pharrell во неговото интервју за Vanity Fair.

За крај неговата последна соработка со Adidas Originals, на лимитирани парчиња. Неговата инспирација се два винтиџ-типа на спортски виндјакни со цветен дизајн кои ги сретнал во Saint-Pierre, Париз. Тој прави сопствена верзија на овие виндјакни, плус патиките на Stan Smith во истиот дизајн како и јакните, во две бои тиркизна и беж. Само 200 виндјакни ќе бидат достапни во светот, и ќе чинат 750, а патиките ќе бидат 180.

Ние го сакаме него, неговата музика, неговиот стил, и неговите соработки со Adidas Originals.

 

 

Comments

comments