Ова прекрасно илустрирано видео, кое секој би требало да го погледне, покажува што навистина претставува успехот и кој е најдобриот начин да го постигнеме.

„Никој не може да биде успешен во сè. Да се успее во кариера и да се биде доволно посветен на семејство е скоро невозможно или пак да се биде популарен, а да се задржи интегритет. Се си бара своја жртва. Убаво е да се биде успешен. Ама уште поубаво е да бидете сигурни дека го следите својот специфичен (и не секогаш очигледен) пат кон успехот. Само така може да го најдете тоа што навистина ќе ве исполни.“

Успехот во речникот на секој од нас е дефиниран различно. Има нешто повеќе од само богатство, моќ, статус и слава… Видеово можеби ќе ве натера да се запрашате за сопствениот живот, можеби ќе ве инспирира и мотивира. Нас не натера да се стремиме кон подобро.

 

Comments

comments