Meadows in the Mountains, Бугарија

Meadows in the Mountains, Bulgaria (3)

Meadows in the Mountains ја подигна својата репутација во последните 5 години преку тоа што нуди едно незаборавно магично искуство. Сместен во недопрените и диви предели на Родопските Планини, Вашите утра ќе бидат исполнети со мистична магла која се протега долж Вашиот поглед. Одличен избор ако сте љубители на техното, хаус и соул музиката.

Дати: 12-14 Јуни
Цена: £150

Festiwal Tauron Nowa Muzyka, Полска

Festiwal Tauron Nowa Muzyka, Poland

Сместен во срцето на Краков, и тоа помеѓу две рудаски окна кои се дел од напуштен рудник кој бил во функција од 1823 до 1999 година. Ветува супер забава ако сте љубител на рејв музиката.

Дати: 20-23 Август
Цена: £55

Southern Soul Festival, Црна Гора

Southern Soul Festival, Montenegro

Блиску до сонцето, морето и ослободување на душата се основните карактеристики на овој лежерен летен фестивал кој се одржува на плажата Копакабана сместена на Црногорското крајбрежје. Одлична забава со звуците на модерниот соул, и елетронската музика.

Дати: 25-28 Јуни
Цена: £69

Mandrea Music Festival, Италија

Mandrea Music Festival, Italy

Даб и реге фестивал кој е сместен во подножјето на планиснкиот масив Долимити. Опкружен со најголемото езеро во Италија, Гарда нуди релаксирачка атмосфера полна со безброј активности.

Дати: 30 Јули – 2 Август
Цена: £57

Festival Yeah!, Франција

Festival Yeah!, France

“Бебето” на познатиот и реномиран ДЈ и продуцент Laurent Garnier, Festival Yeah! е лежерен фестивал кој се наоѓа во Лурмарин, Франција. Место каде ќе најдете добра храна, добра музика која е микс од инди техно, електро,рок и фолк.

Дати: 5-7 Јуни
Цена: £45

Træna Festival, Норвешка

Træna Festival, Norway

Секоја година се зголемува популацијата на Træna – една од најмалите општини во Норвешка, преку овој фестивал кој се одржува на остров кој е опркужен од дивиот окен и звуците на морските орли. Сите 500 жители на овој остров се замаат активно учество во овој фестивал, со што ја промовираат Норвешката култура, преку звуците на електро-попот и фолкот.

Дати: 9-11 Јули
Цена: £110

MS Dockville, Германија

MS Dockville, Germany

Не е толку познат како другите Германски фестивали како Fusion, Hurricane or Melt!, MS Dockville е остров на реката Wilhelmsburg во Хамбург, каде музиката и уметноста се сплотуваат.

Дати: 21-23 Август
Цена: £70

Flow Festival, Словенија

Flow Festival, Slovenia (2)

Од познатиот Хелсиншки Flow Festival, оваа година своја верзија ќе добие и Словенија, која реши истиот да го одржи во фабрика од 19ти век. Добра забава за сите фанови на техното и артисти како Metronomy, Pet Sho Boys, Derrick May и други.

Дати: 26-28 Јуни
Цена: £68

Into the Valley, Шведска

Into the Valley, Sweden

Сместен во природен амфитеатар т.е. поранешен каменолом со бистар плав базен на дното е перфектно место за забава за сите заљубеници во елетронската музика.

Дати: 31 Јули – 1 Август
Цена: £115

Paradise City, Белгија

Paradise City, Belgium

На неколку километри од Брисел, сместен во замок од 15-тиот век, еден од ретките еко-фестивали кои пружаат одлична забава каде што ќе пробате прекрасна вегетаријанска храна, придружена со звуците на инди и елетро музиката.

Дати: 4-5 Јули
Цена: £57

Comments

comments