Spielberg, Johnny Depp, Tom Hanks, и Tarantino се само неколку од легендарните холивудски имиња кои ќе се појават оваа есен.

Есен – она што не постои кај нас, а за кое цел свет упорно зборува. Период познат по високата концентрација на премиери од најпрестижните филмови на годината. Оваа есен (читај рана зима) е изненадувачки спремна – наоколу се појавуваат Tarantino, Spielberg, Iñárritu, Zemeckis и други големи имиња од светот на кинематографијата.

Да го прославиме три месеци долгиот Божиќ на сите филмски гикови со 10те наслови до кои ќе треба да одбројуваат денови:

 

10. Snowden

За некој кој е заглавен во Русија, Edward Snowden дефинитивно е прилично присутен низ Hollywood. Вистинскиот Snowden се појави во минатогодишниот, феноменален документарец и добитник на Оскар – Citizenfour. Оваа година (само) фиктивна верзија од него ќе глуми во последниот, политички филм на Oliver Stone.

Премиера: 25 декември

*Забелешка (14 септември): Филмот на Oliver Stone e одложен за 2016 година. 

9. Trumbo

Dalton Trumbo долги години ги помина на црната листа на Hollywood, иако добитник на два оскари. Во негово време било малку потешко да се поверува дека еден ден тој ќе биде тема на огромен холивудски филм, но еве сме.

Премиера: 6 ноември

 

8. The Walk

Иако нема потреба од повеќе информации од онаа дека позади филмот стои Robert Zemeckis, приказната е веќе еднаш опфатена со прекрасниот документарец „Man on wire“. Наводно, во 1974, Philippe Petit илегално и во тајност ги поврзува двете њујоршки кули-близначки со жица по која подоцна се движи.

Премиера: 9 октомври

 

7. Black Mass

Ова е лесно, 1) Johnny Depp оддамна (читај никогаш) не изгледал волку возбудливо како на овој трејлер, 2) Benedict Cumberbatch.

Премиера: 18 септември

 

6. Bridge of Spies

Steven Spielberg режира филм за американскиот адвокат регрутиран од CIA во студената војна кој го глуми Tom Hanks, по сценарио напишано од британскиот генијалец Matt Charman, а рафинирано од браќата Coen.

Премиера: 16 октомври

 

5. Steve Jobs

Danny Boyle и Steve Jobs. Доволно прашина е веќе крената. Само почни со шкртање денови.

Премиера: 9 октомври

 

4. Crimson Peak

Сигурно имаш најмалку еден пријател кој е страшно возбуден за новиот од Guillermo Del Toro, викторијанското парче исполнето со монструми и неверојатни костуми.

Премиера: 16 декември

 

3. The Martian

Адаптацијата на книгата е од неверојатниот Drew Goddard, чиј интелигентен и специфичен пристап изгледа совршено за доловување на зборовите на Andy Weir.

Премиера: 2 октомври

 

2. Star Wars: The Force Awakens

Во најгорниот дел од листата иронично го ставаме филмот кој најверојатно ќе не разочара, а со шанси и да ни ја уништи сликата за претходните Star Wars делови. Но да речеме дека ги подредуваме по степен на исчекување (без разлика од кој тип).

Премиера: 18 декември

 

1. Тhe Hateful Eight

Да, Tarantino само што сними вестерн и е малку неспецифично за него да работи во истиот жанр два пати по ред, но некако тоа ни најмалку не ни влијае на возбудата.

Прмиера: 25 декември

 

Comments

comments