Ако другарите што никогаш немале куче не можат да разберат зошто ликот целосно ти се менува на секоја слика или видео од куче, јас можам.

Можеби ќе се побуниш за изразов, ама тимот ни е полн со горди кучкари. Пробуваме да си ги контролираме гримасите, бебешките „каци бе ти“ извици и хранењето непознати кучиња под маса, ама не ни успева. Во еден момент решивме да се откажеме и што би рекле американците,to own it“, па да признаеме дека кога ќе налетаме на филм за кучиња на Телма глумиме дека нема ништо друго за гледање, па го гледаме до крај. По пат пуштаме и некоја солза.

Ако не гледаш Телма, немаш телевизор или ти служи како еден голем екран, ова се филмовите што ме тераат да помислам „Е вакво куче сакам, дефинитивно“.

 

Isle of dogs  

Најдобар за: Ако го обожаваш Wes Anderson, колку што обожаваш кучиња

 

 

Benji

Најдобар за: Ако филмови со кучиња што зборуваат ти се слатки, ама too much

 

 

Hachi: A Dog’s Tail

Најдобар за: Ако ти се плаче

 

 

A Dog’s Purpose

Најдобар за: Ако уште ти се плаче

 

 

101 Dalmatians

Најдобар за: Те дрма носталгија, а омилен ранец што си го имала е тој со 101 далматинец во прво одделение

 

 

Turner & Hooch

Најдобар за: Ако ти фали млад Tom Hanks

 

 

Marley and Me

Најдобар за: Ако ти се гледа Jennifer-Aniston-лимонада-филм

 

 

Bolt

Најдобар за: Ако ти се гледа цртан

 

 

Must Love Dogs

Најдобар за: Ако отсекогаш си заљубен/а во John Cusack

 

 

Eight Below

Најдобар за: Ако се спремаш за зима со снег

 

Comments

comments