Фотографии: Александра Костадиновска

 

Ако во однос на винили се поистоветуваш со нашиот омилен скопски графит „Имам скирол не знам да го возам“, па собираш плочи а не можеш да ги слушаш, нашите пријатели од Heineken имаат решение за тоа.

Кој не сонува за дневна соба со ѕид од винили? Не како оние со закачени винили како слики во продавниците за плочи во Њујорк, туку со полици преполнети со добра селекција. Селекција на која не и се гледа крајот, а веднаш до неа, ниска дрвена масичка на која лежи добар грамофон.

Од сонот само ниската масичка ја имаме. Од колекцијата, имаме скромна од 30-тина плочи, но многу си ја сакаме и добро ја чуваме. Редовно ја бришеме од прашина. А грамофонот, некои од нас имаа среќа да наследат од татковците, на други иглата им се скрши пред 4 години и сè уште не нашле каде да ја сменат.

 

 

Во секој случај, веруваме дека и ти, како и ние, добро ќе се израдуваш на нов грамофон. А нашите пријатели од Heineken токму тоа и доделуваат. Со нивната најнова наградна игра (повеќе инфо на крајот од текстот), меѓу сите кул поклони од типот на патување за двајца за Амстердам, beats слушалици, JBL bluetooth звучници, се наоѓаат и 6 грамофони.

А откако ќе го пратиш кодот под капачето и ќе ја имаш таа добра среќа да добиеш грамофон, почни да ги полниш твоите полици со овие 10 македонски плочи кои веруваме дека секој треба да ги има.

 

 

Dragan Gjakonovski Špato – Dragan Gjakonovski Špato (RTS/Diskos, 1979)

Таткото на современата македонска музичка нација и поп култура. Единствениот винил со негови авторски композиции. Неверојатно тежок за наоѓање, скоро како мозок во главата на сите македонски функционери задолжени за купување режач за винил од 1945 па наваму. Што има на оваа плоча? Sирнете тука.

 

 

Leb i Sol – Akustična Trauma (PGP-RTB, 1982)

Leb i Sol – Akustična Trauma (PGP-RTB, 1982)

Најуспешниот наш бенд на сите времиња досега. Ова не е редовен, но концертен албум. Одбран поради фактот што Леб и Сол звучат неверојатно во живо; изборот на песни кои тука ги свират е токму поентата. А нивниот звук е свеж, оригинален и без дискусија ги чини топ 3 југословенски бенд во тој момент во 1982, кога конкуренцијата е брутално силна. Повелете.

 

 

Bastion – Bastion (PGP-RTB, 1984)

Оваа плоча го претставува скопскиот церебрален и имиџ break through во правец на модерниот свет. Јасно порачува: „Еј! Ние сме од Скопје и паметни сме и убави исто ко и вие“. Ок, можеби и попаметни. Погледни тука.

 

 

Mizar – Mizar (Helidon, 1988)

Македонската пролет имаше супер смисла во раниот музички период, а најфасцинантно е што напредокот се реализираше преку фузија на актуелниот алтернативен рок со византиската музичка оставштина. Мизар тоа бравурозно го изведоа на првиот албум.

 

 

Anastasia – Na Rjekah Vavilonskih (Dom, 1990)

Да, ние сме Византија, ние сме Источното Римско царство. Тоа нема да го прочитате сè уште во учебниците по историја, но нашите музичари ќе ве научат на таа есенцијална лекција. Овој 12-инчен сингл е совршен пример за музичко и духовно просветлување.

 

 

Arhangel – Arhangel 1 (Haos Records, 1991)

Архангел се неизоставен дел од скопската/македонската урбана култура. Може да ги сакате или да ги сомневате, се е во игра, но не можете да ги игнорирате прекрасните композиции од оваа плоча.

 

 

SAF – Safizam (Lithium Records, 2001)

Имаат само 1 албум и сè уште уживаат култен статус со песните од него. Дечките се посветени и сè уште се на истиот пат, па искрено се надевам ќе има и втор албум. Пред сè поради фактот што македонскиот хип-хоп изоде голем и квалитетен пат од 2001 па наваму. Провери тука.

 

 

Xa Xa Xa – Сами мажи и жени (Monlee, 2014)

XАXАХА – Сами мажи и жени (Monlee, 2014)

Пост панк, инди рок. Мошне популарен жанр кај нас. Оваа плоча е врв на тој жанр. Нешто како школски пример за тоа како треба да звучи. Врв на авторското творештво на Васко Атанасоски. Слушни тука.

 

 

Bernays Propaganda – Happiness Machines (Monlee/Prugelprinz/PMG Recordings/Napravi Zaedno, 2009)

Нашиот најпопуларен бенд во 21 век и нивниот дефинирачки прв албум. Мислам дека во „ќецот“ успеаа најдобро да ја синтетизираат музичката и наративна проблематика на која решија да работат со овој проект.

 

 

PMG Kolektiv – PMG Kolektiv Skopje (PMG Recordings, 2017)

Речиси никој во Македонија не се амбицира да работи жанровска поп музика. Постои големо не(до)разбирање што тоа поп музика значи. Долж тоа не(до)разбирање, особено е uncool да работиш поп. По мене ова е редок пример на тукуречи совршен македонски поп албум, со силна доза на субјективност во пристапот. Линк тука.

 

 

Правила за учество на наградната игра на Heineken

Право на учество во наградната игра имаат сите купувачи кои ќе купат пиво Heineken со етикетата „Live Your Music”, во стаклено пакување од 0,33л или од 0,5л, и ќе го испратат кодот кој се наоѓа под капачето преку СМС на телефонскиот број 14 99 14. Цена на секоја порака изнесува 5,9 ден. за СМС со вклучен ДДВ.

Повеќе информации за наградната игра може да најдете на liveyourmusic.mk.

Comments

comments