Вечерва, тимот на Reborn се спрема за гледање на новата X-files епизода. Како што и наликува на една X-files премиера, денес се излегува порано од работа за да се набават неопходните количини сончоглед и леден чај (за тие што не се x-files гикови, ова е x-files референца).

Ок, се радуваме на X-Files камбекот, ама да бидеме искрени, тоа не е доволно за да се задоволи нашата жед за квалитетни ТВ серии. Сигурни сме дека сите пријатели-зависници ќе ја потврдат болката.

Додека немирно чекаме да дознаеме што навистина се случи со Jon Snow и во која насока отиде бракот на Frank и Clair Underwood, споделуваме листа на неколку нови лесно-заразни серии кои ви ги препорачуваме за преживување на остатокот од зимава.

 

Wayward Pines

Психолошки трилер базиран на книга. Првата епизода не ветуваше многу, а и Matt Dilon не е актер кој е хармизатичен и уживам да го гледам, но затоа има убави жени – Carla Gugino, Shannyn Sossamon, Juliette Lewis. Заглавени во малото градче Wayward Pines, започнуваат да се случуваат чудни настани, а од градот е невозможно да се замине и да се стапи во контакт со останатиот свет.

 

 

Man in The High Castle

Замислите поинаков свет од денешниов. Поинаков крај на Втората светска војна. Победа на нацистите. Нацизмот владее со светот, а атомска бомба е фрлена во Вашингтон. Америка е под јапонска окупација. Серијата дава одговор на прашањето – Како би изгледал светот, ако историјата беше напишана различно?

 

 

The Expanse

За оние кои се вљубени во научната фантастика, едно убаво освежување. Квалитетот на самата серија е на многу високо ниво, многумина го споредуваат со оној на „Game Of Thrones”. Секако, една интелегентна научна фантастика базирана на книгите на Daniel Abraham.

 

 

War and Peace

Измислено за љубители на мини серии и Лав Толстој. Сите кои ја прочитале книгата се запознаени со приказната, а останатите кои ги мрзело еве една добра адаптација на една прекрасна книга.

 

 

The Shannara Chronicles

Кога е во прашање оваа серија има многу измешани чувства. Можеби малку тинејџерска, но со сигурност ќе се забавувате или можеби ќе сметате дека е „sassy”. Сместена илјадници години во иднината, патување придружено од тролови, гномови, живи дрвја, волшебни книги и многу фантазија.

 

 

Fargo

Серија базирана на истоимениот филм од 1994 на браќата Коен. Оние кои го погледнале сигурно ќе бидат заинтригирани да ја гледаат и нема да згрешат.

 

 

The Jinx

Документарна мини серија, која ја открива истрагата на серија нерешени кривични дела. Во центарот е потомокот на билионерската фамилија од Њујорк, Durst.

 

 

Making a Murderer

Снимена во десет годишен период. Трилер од реалниот живот. Самиот наслов ја открива приказната.

 

 

Empire

Сапуница сместена во светот на хип-хипот.

 

 

Catastrophe

Романтична комедија со „мрсен” хумор.

 

Comments

comments