1. За другарка ти што не сака да си фати дечко зашто се чува за Jon Snow
Подарок: [Книга] „A Game of Thrones“ од KupiKniga.mk
Цена: 699 ден
2. За татко ти кој на 50 години реши да вежба и да стане вегетаријанец
Подарок: Fuego Соковник од Neptun
Цена: 2.799 ден
3. За мајка ти што не престанува да гледа „24 Kitchen” и да збори за Jamie Oliver
Подарок: Комплет за колачи од Kares
Цена: 1.190 ден
4. За дечкото што замара со гитарата на секоја дружба
Подарок: Fender хармоника од Мими Музика
Цена: 850 ден
5. За другарка ти која не памти како се вратила дома од Сектор во петокот
Подарок: Чаши за виски од Kares
Цена: 1.550 ден
6. За дедо ти со ЈНА тетоважата
Подарок: [Книга] „Tito – strogo poverljivo : arhivski dokumenti“ од KupiKniga.mk
Цена: 1.046 ден
7. За на татко ти братучетка-сестра-внук од брат
Подарок: Star Wars light-saber од Крш
Цена: 990 ден
8. За баба ти која цело време ти збори „Јади сине, некако си ми ослабен… онаа мајка ти ич не те храни“
Подарок: Сет за супер готвач од Преплет
Цена: 850 ден
9. За другарка ти на која дефиниција за добра саботна вечер и е вино пред ТВ
Подарок: Пижами од womensecret.com
Цена: 29,99 евра
10. За колешката со која заедно заглавувавте на работа оваа година
Подарок: Маска за мобилен од Pull&Bear
Цена: 299 ден
11. За „офицерот и џентлменот“ во друштвото
Подарок: Несесер од Massimo Dutti
Цена: 3.290 ден
12. За другарка ти која знае дека се сменил уредникот на Vogue
Подарок: Наочари за сонце од Parfois
Цена: 1.090 ден
13. За другар ти кој тврди дека единственото подобро кафе од еспресо е дупло еспресо
Подарок: Кафемат за на плоча од Kares
Цена: 2.545 ден
14. За братучед ти кој има: жена, две деца, куче и маче… и понекогаш потребно му е да се исклучи
Подарок: AKG слушалки од Neptun
Цена: 1.899 ден
15. За девојката со точакот
Подарок: Шешир од Massimo Dutti
Цена: 1.990 ден
16. За другарка ти која брзо се заљубува, а уште побрзо се одљубува
Подарок: Гел за туширање од Lush
Цена: 895 ден
17. За дечкото со кој сте заедно само еден месец
Подарок: Карти за театар од Драмски Театар
18. За вујна ти што ти досаѓа да пиете кафе
Подарок: Комплет шољи од La Cha
Цена: 2.100 ден
19. За парот од друштвото кој организира вечери и објаснува зошто Pinot Noir од бербата во 2011та е многу подобро од тоа од 2013та
Подарок: Ламба од Native Materials Lighting
Цена: 40 евра
20. За другарка ти на која омилена музичка група и е еден инди-фолк-спид-гараж бенд од Северна Ирска
Подарок: [Книга] „Популарна музика: теорија и историја“ од Темплум