Спонзорирано од Vip

 

Се мислевме кој наслов би бил соодветен и дали е претенциозно да се обидеме да направиме текст што ќе го крстиме „најдобрите филмови на годината“.

Се одлучивме наместо да изиграваме експерти со истенчен вкус и сложени зборови кои не би можеле ни да ги изговориме, да напишеме нешто лично и искрено. Така нè учеа од дома, никогаш не можело да згрешиш ако си искрен.

Филмовите подолу се оние што ја одбележаа годината на различните членови на нашиот тим. Интересно ни беше да забележиме дека и покрај тоа што нашите вкусови се неверојатно слични, секој од нас има по 1-2 различни филмови кои ќе бидат можеби единствените кои ќе ги памети од оваа година.

Подолу е листата што ја добивме кога ги ставивме на едно место филмовите кои секој од нас ги избра.

 

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Guardians of the Galaxy Vol. 2

Препораки на Бане
IMDB 8.2

Филмов ме изненади колку е добар. Одлично сценарио, хумор на ниво и 136 минути филмски адреналин. Се работи за интензивен и динамичен филм кој не те остава во ниту еден момент да се опуштиш или да провериш Facebook.

Фокусирано до самиот крај. Приказната е базирана на фамилијарните односи помеѓу Star Lord (Chris Pratt) и неговиот татко Ego (Kurt Russell) од една страна и авантурите на Star Lord со неговите пријатели од првиот дел. Навидум изгледа како да се работи за драма, но верувајте филмов е од секој жанр по нешто.

 

Dunkirk

IMDB 8.2

Знам дека голем дел од публиката кој навистина е фан на филмовите на Nolan и неговиот стил ќе искоментира дека приказната и плотот на филмот е оскуден, ама јас викам не. Одлично филмско остварување на Nolan и неговите соработници (читај: Zimmer).

Приказната е фокусирана на група на сојузнички војски (белгијци, французи и британци) кои се обидуваат да се извлечат од француското крајбрежје додека се под тотална окупација од страна на нацистите за време на Втората Светска Војна. Генијалноста на Dunkirk, освен приказната која е тотално на место и историски оправдана, сценографијата, глумата, музиката, аранжманот на истата, камерата, фотографијата се за оскар. Да, Dunkirk заслужува оскар.

 

It

IMDB 7.7

Најверојатно сите ја знаеме приказна за кловнот и теророт врз децата кој понекогаш ни е срам да признаеме дека се плашиме и да го погледнеме на слика.

Приказната се случува во 1988 година каде после исчезнувањето на едно дете во малиот американски град Derry, неговите другарчиња, во потрагата по него се тероризирани од кловнот кој живее во подземјето на градот. Поприлично страшен и мрачен филм кој ќе ти докаже дека сè уште не си пораснал доволно.

 

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Beauty and the Beast

Препорака на Мери
IMDB 7.3

Кога го гледав филмов имав огромна возбуда и високи очекувања. Не ме мачеше само мислата дали цртанот од моето детство ќе биде подеднакво магичен, туку притисокот беше уште поголем заради Emma Watson. Како Хермиона, феминистка во реален живот, ќе изгледа во жолтиот фустан, во улога на убавица од Disney?

Очекувањата беа исполнети, Lumière беше одличен свеќник, Cogsworth лојален часовник, а Mrs. Potts (Emma Thompson) како и секогаш, прекрасна грижлива мајка и жена. Филмот е прекрасна бајковита приказна со многу музика, бои, шминка, ефекти и одлични костими (костимите се правени од еко-френдли материјали).

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Logan

Препораки на Диме
IMDB 8.7

Не треба да бидеш тврдокорен X-men фан или сериозен зависник од филмови со суперхерои за да уживаш во овој.

Со Logan, Hugh Jackman го достигна пикот во својата улога како Wolverine. Ова е филмот кој тој и режисерот James Mangold отсекогаш сакаа да го направат. Не само што е одлично парче драма, туку и фановите на добра акција и силни специјални ефекти нема да бидат разочарани, зашто во овој филм се за неколку нивоа подобри од било кој друг X-men досега.

 

Get Out

IMDB 7.9

„Get Out“ е психолошки и сатиричен хорор филм за млад афроамериканец и неговиот прв контакт со родителите на неговата бела девојка. Филмот е режиран од Jordan Peele, познат како една половина од дуото Key & Peele.

Искрено, прв пат кога слушнав дека Peele е сценарист и режисер на хорор филм, бев изненаден од неговиот потег и не очекував некој позитивен резултат. Но имагинацијата и фантазијата на Peele дефинитивно ни презентираa нешто уникатно и свежо во овој филмски жанр. „Get Out“ е филм со одлично сценарио, уште подобра кинематографија и актери чија глума ме изненади (Marnie од „Girls“ ја игра главната женска улога).

 

Blader Runner 2049

Препораки на Дона
IMDB 8.4

Оригиналниот, првиот Blade Runner дел, го имам гледано повеќе пати од што изгледа би требало. Секое гледање се опседнувам со различна сцена, со различен момент, за уште еднаш да ми се потврди теоријата дека само чист генијалец може да направи нешто вакво.

Многу сум среќна што новиот дел се потруди и навистина до доста висок степен успеа да ја продолжи оваа серија на генијални сцени. Убаво е кога продолжението на филм снимен пред 30 години не само што не е тотално разорачување, туку е прекрасно парче кинематографија кое би било одлично и кога би стоело самостојно.

 

Okja

IMDB 7.4

Во еден претходен текст пишав дека единствениот пат кога го имам видено дечко ми да плаче беше кога го гледаше трејлерот на Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children, сега можам да кажам дека го имам видено два пати – вториот пат кога заедно го гледавме Okja.

Okja e специфичен и истовремено неверојатно симпатичен. Во една од главните улоги се јавува мојата омилена Tilda Swinton, а до неа стојат уште пар одлични холивудски актери (Jake Gyllenhaal, Paul Dano). Но филмот би бил феноменален и без одличниот кастинг, а откако ќе го изгледаш (свесно или несвесно) наредните неколку недели ќе бидеш вегетаријанец.

 

 

Wonder

Препораки на Tea
IMDB 8.1

Базиран на истоимениот бестселер, филмов прераскажува една инспиративна и во исто време вистинито-тажна приказна за August Pullman, дете со различна физономија на лицето од сите негови врсници. August и покрај сите негови проблеми и секојдневни предизвици со кои се соочува решава да се запише во регуларно школо и да учи со нормални деца. Еден час и педесет и три минути инспирација, тага, среќа и возбуда во исто време.

 

Baby Driver

IMDB 7.8

Kevin Spacey (пред да го обвинат за педофилија), Michael J. Fox и главниот протагонист во филмов, Ansel Elgort, прават пуздер во најновото филмско остварување на режисерот Edgard Wright. Филмот ја раскажува приказната на Baby (Ansel), откачен возач на автомобили наменети за кражби, кој е оспеднат со музика (во превод: не вози ако не си ја намести правата песна). Тоа што највеќе ме купи кај Baby Driver е дека е направен во некој ретро 80-ти стил, премногу музика за во еден филм и навистина интересна и заразна приказна која те држи закован за стол. Одличен динамичен филм за празнициве.

 

Comments

comments