Спонзорирано од Vip

 

Време е да измислиме македонски збор за „binge watching” или скратено „binging“, што би рекле Американците.

Кога би седнале да го искалкулираме бројот на часови кои ги имаме поминато во гледање серии, најверојатно тешко би се издепримирале. Но затоа нема да го направиме тоа и ќе продолжиме, гордо, ⅓ од животот да поминуваме гледајќи серии, ⅔ зборувајќи за нив.

Оваа година, слично како и со филмовите и музиката, изгледавме многу „обични“ и досадни серии и малку добри. Тоа е цената што треба да се плати, нели? Но затоа сега може храбро да ги одвоиме 10-те кои сме убедени дека беа најдобри. Се разбира, според нас.

 

 

Stranger Things

Не само најдобрата серија за оваа година, туку и една од најдобрите серии кои некогаш сме ги гледале. Во календар прешкртувавме денови до објавувањето на втората сезона која ја изгледавме уште истиот ден, а после тоа поминавме низ 2-неделна депресија и прашувајќи се дали „некогаш ќе успееме да се заљубиме во друга серија откако ја изгледавме оваа“.

 

 

 

Big Mouth

За жал не е популарна во Македонија како што е популарна Stranger Things, но Big Mouth е најверојатно втората најдобра серија годинава. Неверојатно оригинална, наивна и со одличен хумор.

 

 

 

Twin Peaks: The Return

Иако никогаш не би ја ни споредиле со оригиналните 2 сезони, сепак Twin Peaks: The Return беше без дилема една од сериите кои ни ја одбележаа годината. Можеби реалната причина за ова е целата прашина која ја дигна и тоа што конечно една од нашите омилени серии на сите времиња успеа да достигне популарност кај нашата генерација.

 

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Silicon Valley

Најновата сезона на Silicon Valley дефинитивно не разочарува. Омилени ни се сериите во кои не можеш да приметиш кога започнала и кога завршила една сезона, затоа што квалитетот останува константен. Ако досега ја немаш гледано, сега имаш насобрано супер материјал за празниците да ги поминеш со кифлички и руска пред екран.  

 

 

 

Rick and Morty

Ова е одличен момент да кажеме јавно нешто што немавме храброст да го направиме досега, па го шепкавме само меѓу внимателно избрано друштво – Rick and Morty повеќе не не возбудува како што не возбудуваше пред една година. Но сепак, да бидеме реални, тоа не значи дека не е една од најдобрите серии кои некогаш сме ги гледале, туку најверојатно дека ние претеравме со гледање и зборење на темата, па се презаситивме.

 

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Girls

Уште ни е тешко да поверуваме дека девојките што конечно се научивме да ги разбираме и сакаме какви што се, повеќе нема да ги гледаме. Иако приказната ни изгледа незавршена, последната сезона на Girls беше одлична и дефинитивно заслужува место помеѓу 10-те најдобри оваа година.

 

 

 

Black Mirror

Еднаш зборевме зашто епизодата „Nosedive“ е најдобриот хорор филм што сме го гледале. Откако изгледавме повеќе епизоди, сега веќе ни е тешко да избереме која од нив е навистина најдобриот хорор. Само знаеме дека секоја епизода е тешка колку што е прекрасна, и дека за жал мора да ги „дозираме“, за да не дозволиме целосно да нè проголта таа Black Mirror дистопија.    

 

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Big Little Lies

Според нашата скромна анкета, сите девојки кои досега ја имаат изгледано серијава се воодушевени, додека сите дечки разочарани. Мислиме дека знаеме зашто е тоа така, но нема да смееме да ти кажеме, затоа што ќе биде огромен spoiler. Во секој случај, серија која треба да и дадеш шанса без разлика дали се доживуваш себеси како дечко или како девојка.

 

 

 

Young Sheldon

Ако пред 5-6 години ти беше хит Big Bang Theory, а во моментов единствено нешто што ти се допаѓа во серијата е Sheldon, имаме добра вест – не мораш веќе да ја гледаш на сила. Young Sheldon е феноменална серија која неодамна беше објавена и која го раскажува животот на младиот Sheldon Cooper.

 

 

 

The Good Place

Немаме пропуштено серија со Ted Danson досега. Па иако ниту една нема да успее да ја замени Bored to Death (една од нашите 5 омилени серии на сите времиња), The Good Place е неверојатно релаксирачка и одлична за кога ќе се вратиш дома уморен од работа во среда и немаш сили да размислуваш.

 

Comments

comments