Резултатите пристигнаа.

Подолу во текстов може да погледнете кои беа најкликаните статии во 2017та – не ги нарекуваме „најчитани” бидејќи немаме начин да дознаеме дали навистина биле читани или само кликани. За дата-гиковите како нас еве ви инфо и од 2016 година… можеби ќе најдете нешто корисно.

Бидејќи ние опсесивно пратиме што е и што не е успешно на Reborn и континуирано учиме од резултатите решивме да ги споделиме 5те ствари кои ги научивме за вас (нашите читатели) од вашите кликови годинава.

 

1. Серии, серии, серии

Конечно имаме доказ со кој можеме да потврдиме дека сите сме опседнати со серии.

Мислам дека овој културен феномен ќе остане како многу битен дел од дефиницијата за нашите генерации. Ако насловот на книгата за поп културата пред неколку генерации бил „Секс, дрога и рокенрол”, насловот на книгата за поп култура за ова време е „Netflix and chill”.

 

2. Патриотишта

Колку и да ја хејтаме државава (секој ден по цел ден), длабоко во сите наши срца се крие некоја заебана љубов за нашево местенце. Содржините со кивордот „македонија” се секогаш најкликани. Во најчитаните статии оваа година имаме: македонски брендови, македонски скејтери, македонски логоа и дрон фотографии од Македонија. Вечна и цела да е!

 

3. Стартапи

Приказните од нашата локална стартап заедница си згазија! За ова ни е особено драго.

Во 2018 година ќе дадеме се од себе да го продолжиме муабетот на тема „стартапи” и да го донесеме на едно повисоко и попрофесионално ниво.

 

4. Трансот не е мртов

Статијата за Миравци е најголемото изненадување. Сè уште не разбираме зошто и како.

 

5. #Балкан

Значи многу, многу, многу не интересира што се случува во Белград, во Загреб, во Нови Сад.

Уште од самите почетоци на Reborn го приметивме ова – новите генерации кои никогаш немале директен контакт со Југославија се тотално фасцинирани и опседнати со оваа тема. Колку и да сме имале проблеми со соседите во минатото ние чувствуваме некоја позитивна промена (предводена од новите генерации) која што предвидуваме дека ќе се случи во наредните 10-тина години.

 

 

 

7 Серии да гледаш кога ќе ја завршиш Stranger Things

 

 

 

Најдобрите логоа според пет наши графички дизајнери

 

 

 

[Галерија] Фотографии од Македонија направени со дрон

 

 

 

Мојата стартап приказна: Огнена Васиљевиќ и „Momentum Inc.“

 

 

 

Не е Берлин, Скопје во ноември е

 

 

 

„Кој ќе го закопа последниот битолчанец!?”

 

 

 

Мојата стартап приказна: Даниела Милошеска и „Bastet Noir“

 

 

 

Што мислат нашите уметници за новите мурали од странски артисти во Скопје

 

 

 

10 Балкански streetwear брендови што треба да ги знаеш

 

 

 

72 часовна техно и транс журка во Миравци

 

 

 

6 нови МК брендови и жените позади нив

 

 

 

Разговор со Дина Дума, младата перспективна режисерка

 

 

 

Запознај ги дечките и девојките од новата македонска скејт сцена

 

 

 

Ирина и нејзинотo тату студио Nameless

 

 

 

[Интервју] Огнен Узуновски Оги, 17 години промотер на квалитетен ноќен живот

 

Comments

comments