Да, сите три се слаткарници.

Прочита за Dechko Tzar и реши да се наградиш со пат до Белград, само затоа што трпеливо чекаше да го отворат шопот и се воздржа од онлајн нарачки? (Tell us the secret, master).  

Бидејќи твојата самоконтрола е за награда, тимот на Re е тука да те упати на правото место, а и да те спаси кога ќе ти падне шеќерот од патот (добро, и од тежината на ќесите). Дали знаеше дека веднаш до Dechko Tzar е залепена најслатката мала слаткарница со уште послатко име – „MANDARINA“?

 

Mandarina

Тоа што ја прави толку посебна е целокупниот концепт на геометриски форми и топли бои, кој се гледа не само по ентериерот, туку и по уникатниот дизајн на колачињата, за кои на прв поглед ќе се чудиш дали се само украсни елементи наредени за чиста сатисфакција на луѓе со OCD или се actually edible, чоколадни оргазми.

Чоколадните лижавчиња и кроасаните се другата опција за останатите смртници, за кои визуелното уживање не е доволно за нивниот sweet tooth, а за дизајнерите, архитектите и сите останати со добар вкус еве линк за концептот на ентериерот (добро, и за да имаш што да читнеш дур го нарачуваш третото колаче).

 

 

Crna Ovca

Доколку сите колачиња од MANDARINA не ти се доволни  или ти се јаде нешто поосвежително, а сепак поразлично и кул како нив, тогаш ти препорачуваме сладолед, а подобар нема да најдеш од CRNA OVCA и MORITZ EIS.

Ќе почнеме со CRNA OVCA чисто ради името (yeah, once you go black…), иако MORITZ имаат пооткачен избор на вкусови, но за нив на крај. Во CRNA OVCA има огромен избор од класичниот сладолед на топче, меѓутоа наш личен фаворит се овошните сладоледи на стапче. Иако искрено, местово се најде на списоков најмногу заради убавите србинки што работат таму, толку насмеани и позитивни што ќе направат минимум два пати да се вратиш и да чекаш ред за сладолед.

 

 

Moritz

Конечно стигнавме и до откачените вкусови на MORITZ, кои се главната причина што оваа слаткарница ни е во топ 3, а поради квалитетот и оригиналноста овој концепт роден во Србија веќе е распространет и во Црна Гора, Романија, Унгарија па дури и во Чиле.  

Минималистичкиот, светол и топол амбиент е тој што го насочува фокусот кон сладоледите, меѓутоа тоа што ги однело дури до Чиле е комбинацијата на вкусови како јагода со балсамико, ориз со цимет или ананас со рукола, и колку и да звучат чудно, сме ги пробале сите и потврдуваме со два високо кренати палци. За жал, некои од вкусовите се сезонски, па затоа нема да те задржуваме повеќе, избриши ги лигите од екран, пакувај куферите и СРЕЌЕН ПАТ! 🙂

 

Comments

comments