Во последно време ми се чини како секој што го познавам да игра друштвени игри. А под „друштвени игри“ не мислам само на Монопол, Ризик или некоја добро-позната игра од детството.

Ова не се случува само кај нас. Друштвени игри се трендинг низ цел свет и моментално се најфинансираните кампањи на Kickstarter. А меѓу тие гении има и неколку наши што пробаа и дефинитивно успеаа да направат свои, феноменални игри.

Досега знаеме за Small Star Empires, Cavern Tavern и Rise To Nobility – три одлични друштвени игри, направени од две различни македонски студија – Archona Games и Final Frontier Games. Сите три беа успешно финансирани на Kickstarter, добија позитивни критики од критичари низ целиот свет, а сега може и ние да ги играме.

 

Small Star Empires (Archona Games)

Средства собрани со Kickstarter: 22.000 евра
Водечки дизајнер: Милан Тасевски

Асистенти: Иво Нешковиќ, Владимир Трајчевски

Small Star Empires е кратка игра наменета за 2 до 4 играчи. Целта на играта е да се колонизираат што повеќе вселенски системи со движење на бродови низ мапата. Мапата се состои од 7 различни модули и може да се обликува по желба. Кога играчот ќе застане на еден од вселенските системи има да направи избор дали ќе постави колонија или центар за трговија. Двете означуваат контрола над системот, но центарот за трговија носи повеќе поени.

Играта завршува кога играчите ќе ги искористат сите колонии и центри или кога нивните бродови повеќе нема да смеат да се движат. На крајот, поените се пребројуваат и нормално, оној со најмногу поени победува.

 

Совет: Бонус поени се добиваат доколку имаш колони на „Nebula“ (гасови) во иста боја.
Бонус: За уникатно искуство, пушти David Bowie да иде во позадина

 

 

 

Cavern Tavern (Final Frontier Games)

Средства собрани со Kickstarter: 89.000 евра
Водечки дизајнери: Ивана Крстевска, Војкан Крстевски, Маја Матовска, Тони Тошевски
Арт дизајн: Михајло Димитриевски – Тхе Мичо

„Cavern Tavern“ е игра со коцки за 1-6 играчи. Целта на играта е да се раководи успешно со една таверна. Во таверната се служат пијалоци, се оддржува хигиената во кујната и се задоволуваат пијаните гости. Играчите добиваат четири коцки со кои треба да одлучат на која од 21-та локација ќе го изиграат својот ред. Локациите се поделени на 6 сектори во таверната и тоа:

Главна соба: Тука гостите ги нарачуваат своите пијалоци
Визба: Тука се наоѓаат состојките потребни за пијалоците на гостите
Кујна: Тука се добиваат награди со извршување на задачи
Обврски: Завршување на овие обврски исто така носат награди
Работилницата на Волшебникот: Тука играчите можат да побараат помош
Канцеларијата на џуџето Нести (Nasty): Тука можат да се издаваат грешките на другите играчи

Крајната цел е што побрзо да се услужат гостите. Со секој круг што задоцнуваш ќе добиеш помалку поени, а секако, победник е оној со најмногу.

 

Совет: Не заборавј да си ги завршиш обврските на време
Бонус: Напиј се по еден шот со секој круг од играта

 

 

 

Rise To Nobility (Final Frontier Games)

Средства собрани со Kickstarter: 307.000 евра
Водечки дизајнери: Ивана Крстевска, Војкан Крстевски, Маја Матовска, Тони Тошевски
Арт дизајн: Михајло Димитриевски – Тхе Мичо

„Rise To Nobility“ е втората игра на Final Frontier Games чије дејството се одвива во истиот свет како и на „Cavern Tavern“ – The Five Realms.

За разлика од претходната игра, целта на оваа е успешно раководење со имот во едно мало градче. Се играат 10 круга во кои играчите носат одлуки за економијата и политиката во градот, одлучуваат дали да ги следат барањата на советот и внимаваат да не изгубат поени кај жителите.

Постојат два главни начини да победиш: (1) Да им даваш работа и домови на жителите, и (2) Да соработуваш со Советот на градот. Но, треба да внимаваш затоа што кога довиваш поени кај едни, губиш кај други.

 

Совет: Не заборавај на Кралицата од Белиот Замок.
Бонус: Ако се заиграш, можеби ќе се решиш за сериозна кариера како политичар. Thank me later.

 

Comments

comments