Фотографии: Александра Костадиновска
Готви: Ангела Николовска
Пишува: Дона Џамбаска

 

Додека некои внимателно пресметуваат колку калории има појадокот за кој денес се решиле, ние сме опседнати со тоа дали и колку протеини има.

Може безбедно да кажеме дека зборот „протеин“ го употребуваме почесто од што треба и дека дури и на самите нас веќе ни се има одамна здосадено. Јадеме јајца во неделата колку што има денови, за викенди печеме домашна гранола која е 70% јаткасти плодови, а од пред некое време јогуртот го заменивме за кефир – зашто, нели, разбравме дека има повеќе протеини.

Доколку и ти, како нас, посветуваш многу енергија и внимание на тоа колку си здрав и во колку добра форма си, колку масти, а колку протеини има порцијата пред тебе, тогаш подеднакво ќе те изненади производот за кој неодамна дознавме.

Станува збор за новата протеинска мешавина од Oriflame, која може да се додаде на било кое јадење или пијалок, без воопшто да го промени неговиот вкус! Формулата, развиена во Шведска, овозможува оптимална исхрана со минимален број калории (72 калории / порција), висококвалитетни протеини и влакна од три извори. Една ваква порција содржи вкупно 8 грама висококвалитетни протеини.

 

 

Дефинитивно сме многу добро запознаени со протеински суплементи и мешавини, но фактот дека оваа мешавина нема никаков вкус може да биде одговорот за конечно да „мрднеме“ од истите 10 јадења кои секоја недела ги повторуваме.

За да ја истестираме мешавината и да ја потврдиме нејзината без-вкусност, вчера ја отворивме Reborn кујната и припремивме 3 јадења чиј оригинален вкус го обожаваме и на кои никогаш не би ни помислиле да им додадеме протеински прашок. Подолу се нашите лесни рецепти за јадењата кои ги приготви Ангела Николовска.

 

 

Супа од морков и ѓумбир

 

Потребни состојки:
  • 1 кг моркови
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица излупен и исечкан ѓумбир
  • 2 кафени лажички масло од семе од репка
  • 1 литар вода
  • 200 мл кокосово млеко
  • 1 кафена лажичка сол
  • ½ кафена лажичка бел бибер
  • Свежо исцеден сок од портокал
  • 4 лажици нискомаслен јогурт
  • 2 супени лажици протеинска мешавина

 

Начин на припрема:

Излупи ги и исечкај ги морковот, кромидот, лукот и ѓумбирот. Загреј го маслото во тава за супа и готви го зеленчукот додека не омекне (околу 10 минути). Додај вода, кокосово млеко, сол и бел бибер и остави да се крчка 20 минути.

Помешај ја Протеинската мешавина со 100 мл вода пред да ја додадеш во супата. Оваа смеса стави ја во блендер, додај свеж сок од портокал и блендирај додека смесата не се изедначи. Откако ќе ја послужиш супата, додај една лажица нискомаслен јогурт.

Може да се послужи топла или ладна.

 

 

 

 

Мусака од тиквички

 

Потребни состојки:

  • 400 грама тиквички (или 2 средно големи)
  • Сол, бибер и оригано
  • Малку брашно
  • 3 јајца
  • 1 чаша млеко
  • 1 голем кромид
  • 200 грама мелено месо
  • ½ чаша ориз
  • ½ чаша изрендан пармезан
  • 1 чаша вода
  • 2 супени лажици протеинска мешавина

 

Начин на припрема:

Загреј ја рерната на 200℃.

Излупи ги тиквичките, исечкај ги на ленти и остави ги да отстојат неколку минути во вода со сол. Потоа поховај ги, односно премачкај ги со јајца, па со брашно. Тиквичките се пржат во тава додека малку не заруменат. Месото зачини го со сол и бибер и измешај го со ситно исецканиот кромид. Пропржи го месото додека не почне да се разделува на мали парчиња.

Во тава за печење нареди ги испржените тиквички и месото во слоеви, а помеѓу секој слој додади изрендан пармезан.

Во мала чинија измешај ја протеинската мешавина, 3 јајца и 1 чаша млеко. Истури ја смесата врз мусаката и печи ја 30-ина минути на 200℃.

 

 

 

 

Палачинки

 

Состојки:
  • 1 чаша овес
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • Малку сол, цимет и шеќер
  • 2 супени лажици ленено семе (измелено во прав)
  • 50 грама протеинска мешавина
  • 1 банана
  • 2 јајца
  • ½ чаша белки од јајца

 

Начин на припрема:

Во длабока чинија измешај овес, прашок за печиво, сол, цимет, шеќер, измелено ленено семе и протеинската мешавина. Во блендер додади ги бананата и белката од јајца додека не се соединат. Бананата и белките соедини ги со сувите состојки од првата чинија и на смесата додади уште 2 јајца. Убаво измешај ја смесата.

Совет: Палачинките пржи ги на тивок оган, за да не изгорат. Доколку смесата е премногу густа, можеш да и додадеш малку вода, а за вкус, можеш да и додадеш парчиња црно чоколадо.

Палачинките може да ги послужиш со путер од кикирики, јаворов сируп, мед или овошје.

 

 

Comments

comments