Ма·ни·јак

Именка

  1. Личност со екстремни симптоми на диво однесување, најчесто манифестирани преку агресија и предизвикување опасност,
  2. Опсесивен ентузијаст,
  3. Личност која страда од манија,
  4. Личност која опсесивно следи други личности на Instagram

Првите три се тешка категорија и се медицинско-психолошки проблем. Затоа мене ме интересира само последната, категорија бр. 4. Е тука, заедно со остатокот од тимот на Reborn, ни нема рамни. Ние сме манијаци по вокација, а кога станува збор за фини ствари како дизајн, архитектура, фотографија и тетоважи – тогаш манијачиме без срам.

Денес ќе се фокусирам на Instagram профили на тату-артисти, кои ги прегледувам барем еднаш во денот и за кои секогаш ми течат лиги, за кои барам авионски карти за да отидам до нивните студија (овде малку претерав) и кои се супер инспирација за некоја мојата следна тетоважа (извинете мамо и тато).

 

Ilya Brezinski (@Ilya_brezinski)

Тату-артист од Санкт Петерзбург, Русија кој има мошне интересен стил. Работи исклучиво со црна боја. Кај него на профил може да се најдат откачени тетоважи како половина ножица, ваљаче, парче торта, куфер со нозе…

 

Victor Zabuga (@_367_)

Најоткачениот од сите што ги следам. Стациониран во Берлин (може да се посети во блиска иднина), Victor Zabuga, односно гордиот сопственик на овој Instagram профил е тату-артист кој има не-знам-како-да-го-опишам стил. Имаш тетоважи од зајаче на стопало и треш пораки со детски фонт до превртена столица и ливчиња марихуана. Тотален позитивен треш.

 

Balazs Bercsenyi (@balazsbercsenyi)

Тату-артист од Унгарија (и овој ни е блиску, колку толку) кој својот Instagram профил си го користи и за приватни цели (пример, објавува фотографии од местата кај што шета). Тој е креатор на супер-кул-уметнички дела кои можеби некогаш ќе се најдат и на моето тело. Црта сè и сешто, но сенки и целосно исполнети и обоени тетоважи очигледно не се дел од неговиот стил.

 

Comments

comments