Asics слави 30 години од претставувањето на Gel технологијата.

Наједноставната дефиниција за Gel Lyte е дека станува збор за револуционерна технологија, која за првпат е претставена во 1986 година на американскиот пазар со моделот GT-II, а во Јапонија со моделот Freaks®, и служи за подобрување на амортизацијата при чекорење.

Во двата модела, Gel технологијата e сместена во задниот и предниот дел на патиката каде притисокот при движење е најголем. Поточно, гелот се наоѓа во внатрешниот дел на ѓонот. Распоредот на гелот во патиката останува непроменет се до 2003 година со моделот Gel Kayano IX, за да во 2013 година преку моделот Gel-Quantum 360 се случи еволуција која вклучува 360 степени на гел технологија во патиката. Последната иновација е претставена преку моделот FUZEX.

 

 

Во годините после претставувањето на Gel технологијата, Asics имаат претставено модели како Gel Lyte III или Gel Lyte V кои може да се етикетираат како едни од најпопуларните во уличната мода.

По повод овој јубилеј, Asics ќе претстави пакет од 3 модели, легендарните Gel Lyte III и Gel Lyte V, како и популарниот Gel-Quantum 360. Моделите ќе бидат во црно/плава комбинација, со бел ѓон, а горниот дел од патиката ќе биде направен од мрежаст материјал.

 

Comments

comments