Од 19 до 22 јули ќе се одржи првото издание на фестивалот на нов европски филм, „Beach Film Festival“.

Иако ова прво издание на Beach Film Festival нуди богата, разновидна агенда на настани и случувања, откако детално ја проучивме, успеавме да издвоиме 4 работи кои нема да ги пропуштиме.

А покрај овие неколку фаворити, можеби омилена информација од сите за престојниот фестивал ни е тоа што сите кино проекции кои ќе се одржуваат на плажата Оревче ќе бидат екранизирани на платно поставено во самото езеро!

 

Концертот на RIB (19.07.2018, 00.00, плажа Оревче)

После настапот на RIB на Музеј Дебар Маало, кој според нивните кажувања, зборовите на посетителите, а и според нас, беше еден од нивните најдобри досега, RIB се сега дел од Beach Film Festival каде ќе настапат на плажа Оревче. Да зборуваме кои се и што се RIB е веќе станато бесполезно, така што само чекаме да дојде денот и да уживаме во звуците на овој скопски сурф-рок бенд.

 

 

 

Проекцијата на филмот „Holiday” (2018) (20.07.2018, 22.00 часот, брод Галеб, плажа Оревче)

„Holiday“ е дански филм за љубовната мрежа во која е фатена жената на еден мафијаш, која важи за трофеј во светот на криминалот. Целото дејствие се случува во преубавиот Бодрум, на турското крајбрежје, кој изобилува со прекрасни пејсажи и природни убавини. Невообичаен летен филм, преполн со насилство, луксуз и криминални игри. Ќе биде тензично, топло, но не заборавајте дека сето тоа ќе се случува на брод. 😉

 

 

 

Концертот на Sajsi MC (21.07.2018, 00.00, плажа Оревче)

Sajsi MC, српската хип-хоп/треш дива, ќе настапи на првото издание на Beach Film Festival на плажата Оревче. Ќе се мрдаат колкови, ќе се тресат бутови на хитовите од типот на „Код твоје девојке“ и „Мама“. Sajsi MC, Охрид е спремен за твојот дочек.

 

 

 

Проекцијата на филмот „Ederlezi Rising”(2018) (21.07.2018, 22.00 часот, плажа Оревче)

Нов српски филм со футуристичка тематика и поранешна порно ѕвезда во главна женска улога која ќе биде присутна и на самиот фестивал. Мислам дека е доволно инфо за без двоумење да се појавиме оваа сабота во Охрид.

„Ederlezi Rising“ е филм чие дејствие се случува во блиска иднина и ја раскажува научно-фантастична љубовна романса помеѓу Milutin, астронаут обучуван од страна на Советскиот Сојуз, кој додека се наоѓа вселенската мисија Alpha Centauri, предводена од Ederlezi Corporation, се заљубува во женскиот андроид програм (Stoya), чија единствена улога е да ги задоволува сите потреби и желби на Milutin.

 

Comments

comments