Спонзорирано

 

Пред неколку години немаше апликација на пазарот (преувеличуваме, секако) што ја немавме инсталирано. Денес силно веруваме дека – колку помалку, толку подобро.

Ова значи дека за да и дозволиме на некоја апликација да ни прави гужва во телефонот, треба стварно да вреди. Па покрај основите на секојдневното постоење (читај: МојВоздух во зима, Uber и Tinder за во странство нели, и Spotify оние што успеале да ја отклучат во МК), неодамна дознавме за пар ствари што може да ги правиме со телефон, за кои досега не знаевме – некои помалку, некои повеќе корисни.

 

 

Преведување текст со камерата на телефонот

Иако постојат неколку апликации кои директно преведуваат текст кога го „гледаат“ на камера, ние најмногу и веруваме на Google Translate. Со вградената опција на популарната апликација ќе го разбереш секое мени без да треба да го впишуваш секој збор посебно.

 

 

 

Мерење на пулс (без дополнителен хардвер)

Со апликацијата Instant Heart Rate (Android и iPhone) може да го измерите пулсот со поставување на показалецот на камерата. Со континуираното собирање податоци, апликацијата нуди и табели преку кои може да го следите срцевиот ритам низ текот на времето.

 

 

 

Мерење на висина и растојание помеѓу предмети

Преку камерата на телефонот (и многу, многу сложени математички калкулации во позадина), апликацијата Easy Measure ви помага да ја дознаете точната вистина и растојанието на некој објект. Се чувствуваме како архитекти од 22 век.

 

 

 

Плаќање со телефон преку NLB Pay

Возрасното и сериозно корисното за крај. Со мобилната апликација NLB Pay, може да си дозволиме да го заборавиме паричникот дома и да платиме директно од мобилниот телефон. Апликацијата е наменета за сите корисници на Mastercard, кои поседуваат мобилен со Andorid и NFC технологија (тука може да видиш дали твојот телефон има NFC). Апликацијата ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Добредојдовме во сегашноста!

 

Comments

comments