Главна причина за посета на Струга викендов е дефинитивно Nina Kraviz, но тоа не значи дека слободното време пред и потоа ќе го поминеме мрзливо гледајќи во езеро. Иако и тоа не звучи како лош план.

Green Beach Festival, 9-та година по ред, ќе се одржи овој петок (27 јули), каде за прв пат во Македонија ќе настапи техно дивата Nina Kraviz. Фестивалот, кој досега се одржуваше во Охрид, оваа година има нова локација – Струга, односно плажата која се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Еуротел“. А харизматичната Nina, со која имавме прилика да поразговараме и да спремиме интервју кое наскоро ќе го објавиме, во 2017 од страна на Mixmag магазин беше наречена „Најдобар диџеј на годината“.

Оние кои веќе си набавија карти, може директно да преминат на делот подолу со активностите што им ги предложуваме за „слободно време“. А оние кои сè уште немаат планови за викендот, а на кои омилена ствар на светот им е подарок карти за фестивал, треба да знаат дека:

Започна наградната игра на Heineken под име „Отвори го светот на музиката со Heineken”. На главното извлекување, на 3 септември, ќе бидат извлечени 3 добитници на патување во Амстердам за двајца со посета на Heineken Experience музејот. А како дел од наградната игра, учесниците ќе имаат можност да добијат и билети токму за Nina Kraviz на Green Beach Festival.

 

 

А кога Heineken ќе те извести дека си добитник на карта за фестивалот, спакувај го ранецот и испланирај сериозно добар викенд во Струга. Ова се нашите препораки за што не треба да пропуштиш.

 

Јади ручек во Радожда

Местото што никогаш не пропуштаме да го посетиме кога се наоѓаме во Струга е Радожда. Струшко село со азурно-сицилијански шмек, сместено на неколку метри од државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро со Албанија, ни е омилено место за ручек во околината.

Во Радожда може да се најдат неколку рибни ресторани, сите се одлични, нема да промашите во кој и да отидете. На менито е риба, риба и само риба. Значи во Радожда се јаде риба, свежи салати и секако – макало.  

 

 

Посети ги 4-те пештерни цркви

Доколку си во потрага по уникатни приказни и локации за фотографирање, тогаш не пропуштај да ги посетиш овие мали цркви, скриени во планински пештери.

Во цела Македонија се наоѓаат околу 50-тина цркви проектирани и сликани во пештери, од кои 4 во околината на Струга. За време на турското владеење во Македонија, бидејќи не била дозволена изградба на верски објекти, народот ги градел своите светилишта на тешко пристапни места, меѓу кои и пештерите. Спојот на пештера и црква е навистина несекојдневно доживување, кое веруваме дека секому ќе му се допадне, без разлика на верските убедувања.  

 

 

Јади трилече и сладолед во струшка слаткарница 

Во старата чаршија во Струга се наоѓаат неколку слаткарници чие трилече редовно ги одбележува нашите посети на градот. Нема да речеме дека се стари, ќе речеме дека се полни со традиција, што е само уште една причина поради која сериозно вреди да се посетат. Ако не за сладоледот (особено оној со вкус на јагода) или трилечето, тогаш за неверојатно добриот ентериер што ќе те врати во раните 90-ти.

 

 

Летај со параглајдер над Струга

Пред повеќе од неколку години летавме со параглајдер над Охрид, а моментално сериозно размислуваме за обнова на искуството. Над Струга се организирани тандем летања со параглајдер од Јабланица, каде самото летање (без припремите и транспорт) трае околу 20-тина минути. За искуството, се разбира, од страна на параглајдинг клубот ќе биде обезбедена целосна опрема и професионален параглајдерист.

 

 

 

Правила за учество на наградната игра на Heineken

Право на учество во наградната игра имаат сите купувачи кои ќе купат пиво Heineken со етикетата „Live Your Music”, во стаклено пакување од 0,33л или од 0,5л, и ќе го испратат кодот кој се наоѓа под капачето преку СМС на телефонскиот број 14 99 14. Цена на секоја порака изнесува 5,9 ден. за СМС со вклучен ДДВ.

Повеќе информации за наградната игра може да најдете на liveyourmusic.mk.

 

Comments

comments