Фотографии: Елена Фиданска

 

Пред некој ден, во канцеларија мистериозно ни пристигна огромна кутија од Гевгелија. Немавме претстава што може да има внатре. Може да биде било што!

На сите ни е добро позната примамливоста на неотпакуваната кутија. Па во вакви моменти целосно би било неприродно да не се затрчаш и да ја отвориш распарчувајќи ја со нокти и фрлајќи парчиња картон околу себе. Се разбира дека токму тоа и го направивме.

Знаеш кога на светските блогери им пристигаат бесплатни маици по пошта и сите им љубомориме? Нас ни се случи токму тоа. Добивме кроасани! Да, огромна кутија полна со појадок за следните неколку месеци. Или денови. Да, да не се лажеме – денови.

 

 

Дури и ако страста за благо ти е на екстремно ниско ниво, веќе си свесен за сложената уметност што стои позади добриот кроасан (чиј збор, подеднакво вкусен како тоа што го претставува е единствениот што сите ние знаеме да го изговориме со совршен француски акцент).

Секоја европска кујна која ја обожаваме на своето мени нуди добар однадвор крцкав, а одвнатре совршено мек кроасан, од кој секој гриз пополека се топи во уста. Ти се пријаде, така? Немој да речеш дека не сме те предупредиле – доколку сè уште си на летна диета, подобро не продолжувај да читаш!

Парижаните го сакаат путерест, во милион тенки слоеви исполнети со воздух и во комбинација со црно кафе, италијанците пак го полнат со бел крем и го јадат за појадок со капучино. Ние никогаш немаме одбиено кроасан, ниту францускиот, ниту пак оној италијанскиот и само посакуваме нашите кулинарски вештини еден ден да бидат толку изострени да може гордо самите да го направиме. До тогаш, ќе гњуриме во нашата нова кутија.

Во испробувањето на подароците ни се придружи нашата другарка Сања Арсовска, подеднакво зависна од добри благи како што сме ние. Бидејќи не е во наш стил да те оставиме без фотосесија, Сања ни помогна симпатично да го испромовираме овој нов македонски бренд.

 

 

Comments

comments