Многу е лесно да се занесеш скролајќи низ совршено склопени инстаграм фидови, па така бадијала да ти летнат два саати (во најмала рака) од денот.

Некои фотографии поседуваат посебни моќи со кои неприметно ти го одземаат времето. Пример, нечиј outfit of the day, за кој никогаш нема да собереш храброст да облечеш нешто слично или, пак, flat lay од авокадо тост, комотно сместен во шармантно кафуле со лате покрај него.

А, кој е поспособен за креирање ваков контент во којшто можеш целосно да се изгубиш, отколку една модна блогерка? Па во случај една да не е доволна, ова се 5 од блогерките кои редовно ми го расветлуваат фидот.

 

Aimee Song (@songofstyle)

Една од најпознатите модни блогерки која дури има и своја Barbie кукла.

 

Margaret Zhang (@margaret__zhang)

Толку многу се случува на нејзиниот фид, та што и да напишам не би било доволно. Ќе мораш да отвориш и да видиш за себе.

 

Brittany Bathgate (@brittanybathgate)

Спој на урбани и класични парчиња облека преку кои постигнува effortless изглед.

 

Reese Blutstein (@double3xposure)

Со еден збор – гениј. Иднината на модната индустрија.

 

Sarah Feingold (@sarah.feingold)

Триптих, триптих, триптих! Естетски неодолив фид.

 

Comments

comments