За нова година ја добив на поклон книгата „Eat What You Watch“.

Совршен поклон за некој како мене, кој не само што обожава да готви, туку со години не може да престане да зборува за сцената во Inglirous Basterds, каде Hans Landa јаде штрудла. Затоа што „Eat What You Watch“ е книга составена од рецепти за јадења кои се појавуваат во познати филмови, напишана од Andrew Rea, кој стои позади YouTube каналот Binging With Babish.

Каналот на YouTube е одличен и доволен за било кој филм-гик. Навистина немаш потреба од купување на книгата, освен ако не уживаш во градење на колекција на книги со добри слики, кои можеш да ги листаш недела наутро.

Како повод да ги споделам моите омилени рецепти на Binging With Babish е од една страна Месецот на храна на Reborn, а од друга страна фактот дека конечно оваа недела ќе го припремам мојот омилен рецепт од книгата – Courtesan au Chocolat од „Grand Budapest Hotel“.

Да започнеме со тој.

 

„Grand Budapest Hotel“: Courtesan au Chocolat

Ова е еден од оние рецепти за кои се припремаш подолго време, пред да сфатиш дека всушност не се толку сложени како што изгледаат. Courtesan au Chocolat е десерт направен со француско choux pastry, кое се користи за еклери и профитероли, а дизајниран од готвач во Германија, конкретно за потребите на филмот.

 

„Stranger Things“: Triple-Decker Eggo Extravaganza

 

Вафли не се само вафли кога се во Stranger Things контекст. Следниот пат кога на девојка ти ќе и приготвиш појадок, нареди ги вафлите во кула и пич-увај ги како омиленото јадење на Eleven.

 

„Pulp Fiction“: Big Kahuna Burger

 

Една од најчесто имитираните сцени од Pulp Fiction, после грабежот на почетокот и танцот на Vincent Vega и Mia Wallace, е сцената со Jules Winnfield и Big Kahuna Burger. Иако најпознат по појавувањето во Pulp Fiction, слично како и измислените Red Apple цигари на Tarantino, хаваи-стил-бургерот се појавува во уште неколку други филмови.

 

„Twin Peaks“: Buttermilk Pancakes

 

Twin Peaks, а особено оригиналните сезони и филмот, се нешто кое никогаш нема да ми здосади. А сцените со американски пити и вкусно кафе дефинитивно играат силна улога во серијата. Кафе знаеш како да приготвиш, следно на ред се палачинките на Agent Cooper. Инаку, нека не те плаши buttermilk како состојка во рецептот, многу лесно можеш да го направиш дома од лимон и млеко.

 

„Breaking Bad“: Candy Meth

 

Искрено, никогаш не се навлеков на Breaking Bad. Да, знам дека е одлична, сè ми е јасно, едноставно не се погодил моментот. Но тоа не значи дека нема да пробам да направам candy meth. Прекрасно изгледа, од кој филм и да е.

 

[Бонус] „Rick & Morty“: Szechuan Sauce

 

Иако сос не го важиме за јадење, не можев да одолеам да не го додадам на листата како 6-то. Сите сè уште се или во некој момент биле зависни од Rick & Morty ќе се израдуваат на фактот дека не мора да чекаат на McDonalds за да го јадат фамозниот сос.

 

Comments

comments