Во море на метал, панк, хардкор и „Kiss it better” од Rihanna (што е правата песна за правење трето дете), тешко е да издвоиш најдобри бендови.

Барем луѓето кои што ја следат екстремната сцена, знаат дека македонската сцена е полна со талент. Иако искрено поминува низ тешки времиња последниве години, што поради тоа што инди стана „главен правец“ на underground-от, што поради тоа што луѓето мислат дека со слики во HD се бутка влада, што поради тоа што нема соодветни клубови за свирење, што поради тоа што газдите на истите бараат 455311248237 илјади денари за свирење во истите. Но металот е засекогаш, и пребродува секакви предизвици и граници, така што идеме јако.

Оваа листа е листа на 5те најдобри македонски метал бендови, т.е. метал бендови што ги слушам во последно време:

 

Hаrdfaced

Иако „Dying Lake” излезе пред 2 години, мене уште ме држи јакото од албумот, и секако, бендот си е класика. Иако Hardfaced се огромен дел од hardcore сцената, да нема заблуди — Уште од „Show them what they fear” (2011) , тие свират апсолутен и безкомпромисен МЕТАЛ, да не се заебаваме. Еден од моите омилени бендови во Македонија, и воопшто во светот на металот секаде.

 

metla-hardfaced

Hardfaced @ Земјотрес, Скопје (2016) [Фото: Борис Каески]

Gargoyles

Тазе бенд, кој што во моментов го снима својот прв албум, кој што ќе биде game changing срање на нашата сцена. Многумина ги знаете, некои можеби и не, но бидувајќи интерстеларниот змај кој што сум, го ислушав целиот нивен албум, а и присуствував на снимањето на истиот. Звук кој комбинира од Acid King до Darkthrone, не може да разочара. Срањето ќе владее, верувајте ми.

 

Skullcrush

Дрзок треш метал од Битола/Ресен, без компромиси до последен здив. Ако некогаш сакаш да се журкаш како прав трешер, а немаш кеш да идеш да ги гледаш Iron Reagan или Municipal Waste во Белград, идеш и ги гледаш Skullcrush. Иако немаат нов материјал веќе подолго време, сепак се враќам на Skullcrush секогаш, дел поради тоа што се закон, дел поради тоа за да се потсетам зашто заслушав метал во животот.

 

Skullcrush @ Како Ми Си Фест, Охрид (2013)

 

Непокор

Најдобриот метализиран hardcore што се свирел на овие простори. Овие тетовски титани, за кои што слушнав дека можеби ќе се обединуваат повторно, се бенд кој што ми го смени животот кога прв пат ги слушав. Ги слушав прв пат кога истрчав 5 км, ги слушав прв пат кога дигнав 100ка на бенч. Бендиште ипол, искрено се надевам дека ќе ги видам пак на сцената, и овој пат нема да праам дупки во плафонот на Кастро – Извини Пеце.

 

Cortex

Оваа младеж која што зад себе има едно EP насловено „The Awakening” мене ме разбуди и освести за фактот дека металот во Македонија нема муда, туку има гаргантуански китовски тестиси. Малиот Кристијан на вокали има само 60-тина килограми, а пее како да има најмалце 150. Ако некогаш сакате да знаете како стероидите би влијаеле на бендови како Bolt Thrower или Morbid Angel, ќе ги слушате младичиве. А да, и live се најбоље на свет.

 

metal-cortex

Cortex @ Loser Fest, Скопје (2014)

 

Бонус рунда бенд

Entombed A.D.

Иако Entombed AD не се баш од Македонија, сепак нивниот пејач Goran Lars Petrov е Maкедонец, ПОТОЧНО РАДИШАНЕЦ! Врвен death’n’roll кој што го редефинираше металот во 90тите години! Нема лабаво!

 

Comments

comments