Пред да откриеме кои се топ 5 местенца за урбана пауза при качувањето до средно Водно, би сакале да ви ги откриеме нашите омилени 4 предмети за качување на планина.

На прво место секако би бил нашиот Champion блузон. Champion блузонот препорачливо треба да е купен од second hand продавница или идеално – да го има носено постариот брат/сестра. Големината на блузонот не е важна, ние веруваме во еднаквост на големините на блузоните. Сега има и баш такви брендови што немаат различни величини, баш кул. Втора најдобра опција тука би била Fila блузон, со истите карактеристики.  

Следниот ајтем е секако iphone со инсталирана Nike+ апликација за да мериме успеси. Телефончето го пакираме во бубреже или педеруша, иронично. Важно е да може да се шерне резултатот на крај од качувањето.

За третиот ајтем иако сè уште тимски сме во недоумица, но мислиме дека треба да се земе и електричен тротинет. Сепак, одамна не сме биле на Водно, така што не знаеш кога ќе ти затреба алтернативно средство за превоз.

Последно со нас доаѓа нашиот колектив: „Урбан народ убави луѓе.“ Сеа брзо се оформивме, ама иаме праено пуно ствари низ Скопје, без нив не идам никаде. Да не видиш, нè знаеш.

 

 

Си ги подместуваме компрешн чорапите, влагаме у такси и идеме до полициска. Зошто идеме со такси ако електричен тротинет? Некои прашања не заслужуваат урбан одговор.

Прва урбана пауза е тука на фонтанче. Од бартон ранчето вадиме тутун за мотање и палиме. На оваа пауза е идеално да се присетиме дека како стари Скопјани, као помали со нашите идевме на Водно. Тогаш беше друго, градот беше друг, немаше волку гужва, сите се знаевме, у град да излезеш цела генерација си ја гледаш. Тутунот си повлекува кафенце, од термос вадиме мока стандард бленд од повеќе сорти [Костарика, Гватемала, Кенија]. Почнуваме да пешачиме, уклучуваме бежични Маршал слушалици и си го пуштаме новиот албум на The Blaze.

 

 

Втора урбана пауза е на прв видиковец. Со солиден поглед накај Скопје уживаме во едно смути. Органски и здраво пер, мора малце чистење. Карши нас поглед ни фаќа музеј на современа. Денес имаше настан, скејт културата како предуслов за демократски развој. Убав настан.

Трета урбана пауза е тука кај сенката и удолницата, некои 10 минути пред врв. Време за хранливи состојки. Во сенка си јадеме тостче со лососче и намаз од авокадо. Алтернативно може да се спреми и пудинг со чија. Сеедно. Малце водичка со нане за освежување и продолжуваме.

 

 

Четвртата пауза е кај напуштената куќа, одма пред да излезеш на средно. Тука сме веќе уморни, малку жалиме за одлуката да се качиме на Водно, размислуваме за алтернативните начини да го поминевме ова неделно претпладне. Чорба во дукат или национал, кафенце низ д.маало, или нешо лабаво за викенд. Али тоа е, отвараш Инста, читаш инспиративен цитат од „Скопје се носи“ и добиваш полет за понатаму.

Стигаш на средно, одма се присеќаваш на сите убави моменти на журките тука. Ти текнува дека го вративме више клубскиот живот во Скопје, и одма е подруго. Спремни за назад! Праиме план за филмче дома и секако првата идеја ни е да гледаме еден од 7-те филмски препораки кои Reborn ги нема изглеано, но топло ги препорачува за месец октомври.

 

Comments

comments