Фотографии: Ванчо Џамбаски

 

13-тото по ред издание на АКТО: фестивалот за современи уметности, ќе се одржи годинава од 23 до 25 август во Битола. Во организација е на Факултетот за работи што не се учат, а ќе нѐ образува на тема „Општество во изградба“.

„Општество во изградба“ значи сите заедно, со сите гости и програми на АКТО, кои се курирани, да се врати полето на слободна мисла и прогресивност на идеи во чекор со времето и на идеи кои му пркосат на секојдневието. Целта на организаторите е АКТО да биде простор каде ќе се создава заедно, каде сите ќе бидат вклучени и ќе се создава активна култура. “, велат кураторите на фестивалот.

Годинава, АКТО ќе има 5 програми: АКТО Уметничка програма, АКТО Музика, АКТО Агора, АКТО за заедницата и АКТО Воз.

Од нив издвоивме 5 работи кои нема да ги пропуштиме и кои ги препорачуваме.

 

 

Целата АКТО уметничка програма (23 и 24 август)

Уметничката програма ќе се одвива во четврток и петок и ќе понуди уметнички акции и интервенции во јавен простор, односно:
– „Соларна кујна“ на Никола Узуновски/ Скопје, колаборативен проект (23 август во 11 часот)
– „Растечки споменик“ на Катарина Поповиќ/ Белград (23 август во 11 часот)
– „Глуви чевли“на Рена Радле и Владан Јеремиќ/ Белград (24 август во 12 часот)
– „Текстил и тага“ на Филип Јовановски/ Битола/ Скопје (24 август во 12:30 часот)
– „Кој е Марко Марковиќ?“ на Марко Марковиќ/ Загреб (24 август во 20:00 часот)

Во склоп на оваа програма ќе бидат проектирани и филмовите: „Град на хероите“од Работнички видео клуб од Зрењанин и „Комунизмо Футуро“ од Андреа Гроплеро ди Тропенбург со Франко Берарди Бифо.

 

Работилниците на АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА (23 август од 10.00 часот)

– Работилница за продукција на електронска музика со Александар Видиновски
– Работилница за дизајн на омоти за музички изданија со Јана Ацевска (Учесниците се пријавени на отворен повик)
– Работилница за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО, во соработка со Слободанка Стевческа и Владимир Јанчевски (Учесниците се пријавени на отворен повик)

 

 

АКТО АГОРА (25 август во 11.00 часот)

Оваа агора е замислена како дијалог помеѓу различни искуства кои зборуваат за општествената важност на културата, односно за нејзината вредност во градење на одржливо општество. Платформа каде политиките за развој на културата ќе се градат заедно со сите засегнати страни: носителите на политики, културните работници и уметници и граѓаните. Ќе се дискутира како културните работници размислуваат, односно како го градат контекстот во кој треба да создаваат.

 

АКТО ВОЗ

АКТО возот ќе функционира во петок и сабота на релација Скопје – Битола и назад во попладневен термин. Обезбедени се и 60 гратис возења за оние што ќе се пријават.

 

АКТО МУЗИКА (23 до 25 август)

Тука се„ АКТО ЗЕМЈОТРЕС“ (25 август во 19 часот), изложбата на омоти на плочи на македонски музички изданија и дискусијата „Продукција на македонска музика издадена на плочи и дизајн на омоти, некогаш и сега”. (23 август во 18:30 часот)

Деталната програма на АКТО може да ја погледнете тука.

 

Comments

comments