Не моравме да ти кажеме, новчаникот веќе добро ти знае, сезона е на свадби.

И секогаш доаѓа обвиткана во истите дилеми. Од една страна, неверојатно си среќна и знаеш дека феноменално ќе си поминеш на свадбата на другар ти, кој со години симпатично го притискаш дека е време да се случи. Од друга страна, знаеш дека ќе повлече сериозен финансиски потег – не само што поклоните денес доаѓаат спакувани исклучиво во плико, туку треба да смислиш (читај: купиш) облека.

Да, едниот трик е во ќошот од плакарот да сместиш 1-2 фустани кои ќе ги вадиш само за свадби и крштевки. Но некои од нас, особено оние на кои другарите допрва сега почнуваат да им размислуваат на свадби, сè уште го немаме опремено овој ќош од плакарот. Во тој случај имаме два избори: да инвестираме во фустан-за-свадби или, уште подобро, иако некогаш звучи како тотално невозможно, да најдеме парчиња што ќе може да ги носиме и на свадба, и на кафе во сабота.

Темелно го искролавме Pinterest и ова се идеите до кои дојдовме за облека што ќе може да ја носиме повеќе од 3 пати во годината. 🛍 За секој предлог најдовме соодветно парче што го има и кај нас, па клик на сликата ќе те однесе директ на онлајн купување.

 

 

Долг цветен фустан што после ќе го носиш со патики

Pinterest вика дека цветни, макси фустани биле хитот за ова лето. И навистина се добри. Лично силно верувам дека најдобро изгледаат со високи старки или бели Adidas патики, но опцијата дека можеш лесно да ги прилагодиш на секоја прилика дефинитивно им додава на вредност.

🛍👉 Омилена опција од фустаните што ги има кај нас ни е оваа, а како план Б ја чуваме оваа слична опција.

 

 

 

Долга сукња што после лесно ќе ја искомбинираш со маица

Слично како долгиот фустан од погоре, долга сукња супер-лесно се трансформира. Се разбира, омилена ни е кога е во комбинација со trashy маица (како на фината девојка горе, лево), која по никое правило не одговара на сукњата, но истовремено толку многу одговара.

🛍👉 Сукњата во центар на сликата е оваа од Mango што ја има во три различни бои, а друга добра опција е и оваа.

 

 

 

Широки панталони што одговараат на сè, затоа што фармерки не се носело на свадба

Не смеело да се носат фармерки, не смеело бело, не смеело ни црно. Искрено, за човек што поседува само 3 црни фармерки и 30 црни маици, овие свадбени-правила знаат да бидат страшно комплицирани. Среќа, неодамна открив дека широки панталони, покрај тоа што се добра секојдневна замена за фармерки, биле соодветни и за поводи што бараат дотерување.

На свадбите на другарите лесно можеш да ги носиш со кошула или блуза. Знаеш, нешто неутрално. А утредента, за на кафе, искомбинирај ги слободно со маицата што брат ти ти ја донесе од Прага.

🛍👉 Ако ти треба замена за црни фармерки провери ги овие црни панталони, а ако се чувствуваш похрабро провери ги овие или овие.

 

 

 

Фустан што после ќе можеш да го носиш со маица

Ок, оваа опција ми е дефинитивно омилена од сите. Фустан на бретели што изгледа неверојатно официјално и „дотерано“ станува толку кул опција за носење 2 пати неделно на работа, само со додавање на маица одоздола. 

🛍👉 Едноставни фустани на бретели има дефинитивно насекаде. А мене ми е омилен овој, но и овој од сликата е добра опција.

 

 

 

Едноставен фустан што ќе може дента да го адаптираш со соодветен накит

Требаа многу, многу години да поминат додека ги научам овие трикови. Можеби тебе не ти е ништо шокантно и ново, но последниве неколку години постојано ја чувам во ракав опцијата целосно да променам некое парче со додавање/одземање на впечатлив накит.

🛍👉 Овој макси фустан од Replay е една добра опција, а доколку ти се покажува малку нога, провери ги овој и овој.

 

Comments

comments