Спонзорирано од Vip

 

Вчера се случи предпремиерата на најновиот Star Wars дел – Star Wars: The Last Jedi.

Колку и да си или не си сериозен фан на научна фантастика, големи се шансите дека ќе завршиш гледајќи го во кино. И во двата случаи важи тоа дека – гледање филм, а особено од овој тип, може да биде многу поинтересно од само гњурење во кофа со пуканки. Тоа не значи дека во City Mall треба да се појавиш во stormtrooper костим (иако би било многу кул), туку значи дека може малку да ја дигнеш возбудата вештачки и да си направиш интересно.

Пример, ние правиме sci-fi недела – пред да го гледаме Star Wars ќе ги REизгледаме некои од нашите омилени научно фантастични филмови на сите времиња. Еве што ќе гледаме ние, ако и ти се осеќаш како да ти треба загревање.

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

За директно да се припремиш за Star Wars приказната: Rogue One (2016)

HBO // 17.12.17 // 17.45 часот

Ако не си сигурен дали пред новата Star Wars епизода треба да изгледаш некој од изминатите делови и уште повеќе – кој од сите досега објавени, ова е филмот за тебе. За разлика од првите 7 дела кои „треба“ да ги гледаш по ред, „Rogue one“ е филм во кој ќе уживаш дури и ако не ти текнува дека Harrison Ford некогаш воопшто се појавил во Star Wars.

 

 

 

Ако си расположен за time-travel теми: Back to The Future (1985)

Ако нè прашувате нас, Back to the future е филм совршен за гледање во периодот на новогодишните празници. Наивен, позитивен и преполн со фантазија, овој филм кој можеби го немаш гледано од свое 3-то одделение (кога го даваа на Телма) е супер sci-fi загревање. За кој дел и да се одлучиш нема да погрешиш, иако нас хит ни е вториот.

 

 

 

Ако ти се гледа култен sci-fi филм: Close Encounters of the Third Kind (1977)

Според нас, овој е еден од најдобрите три филмови кои Spielberg ги има направено. Не го сместивме E.T. во листава, затоа што веруваме дека не постои дете од 80-тите и 90-тите (ок, и подоцна) кое го нема гледано. Close Encounters of the Third Kind од друга страна е еден од најлегендарните и феноменални научно фантастични филмови кои има огромни шанси досега да го немаш гледано.

 

 

 

HBO Premium и HBO Оn Demand, 3 месеци без претплата со Vip Комбо

Ако бараш нешто што интелектуално ќе те предизвика: Arrival (2016)

HBO3 // 20.12.17 // 16.35 часот

Оваа спора и досетлива драма, за разлика од многу научно фантастични филмови, го раскажува обидот за комуникација со вонземјани, а не за борба со нив и нивен пораз. Исполнет со добри факти, овој филм се повикува на квалитетно образование, сочуство и љубопитност. Плус, Arrival е еден од малкуте (научно фантастични) филмови чија главна улога ја игра жена (Amy Adams).

 

 

 

Повеќе наука од фикција: Interstellar (2014)

Ако си од оние што ги приметуваат сите „грешки“ и моменти кои немаат научна смисла и не можеш да гледаш научно фантастичен филм ако ефектите не се совршени, тогаш најверојатно веќе си фан на Interstellar (или наскоро ќе бидеш). Сега е супер момент одново да го изгледаш ова неверојатно парче кинематографија и да уживаш во возрасен, зрел sci-fi и информации за црни дупки и warmholes кои кога ќе ги разбереш ќе се чувствуваш многу паметно.

 

Comments

comments