Денес, сè поретко се печaтат стрипови и графички новели, од типот на Dylan Dog, Alan Ford или Maus.

Да, сè уште се читаат и имаат верни фанови, но не може да негираме дека преминуваат накај колекционерска скапоценост.

Откако Интернетот стапи на сцена, оваа уметничка форма доби нов формат – веб стрипови. Во првата деценија од новиот милениум се појавија и првите автори, сега веќе „ветерани“, со добро познати стрипови од типот на Saturday Morning Breakfast Cereal, Cyanide and Happiness и The Oatmeal. Тие се оние кои ја популаризираа ваквата форма, која веќе стана дел од секојдневието на многу луѓе. Односно, го подготвија теренот за нови стрип автори, чии дела се прилагодени на нашиот светоглед, осет за хумор и естетски преференци.

Ова се 5 од нашите омилени нови веб стрипови, со надеж дека бар некој од нив ќе влезе и во вашиот букмарк. Содржините се кратки, се читаат брзо и се апдејтираат често.

 

 

What are the odds? #life #me #alone #love

A post shared by jake likes onions (@jakelikesonions) on

 

 

Jake Likes Onions

Започнуваме со Jake Likes Onions, кој е мој личен фаворит. Стрипот визуелно има уникатен и квалитетен црно-бел цртеж. А хуморот… хуморот е 5/5. Често почнува наивно, безгрижно, а потоа добива неочекуван пресврт. Некогаш на мрачната страна, некогаш по лајт, но секогаш пресмешен.

 

Poorly Drawn Lines

Веб стрип кој доби и своја книга, креација на цртачот Reza Farazmand. Со карактери како Ернесто, зелената мечка која живее во вселената и Малата мачка, Poorly Drawn Lines e симпатично сатиричен и апсурден. Визуелно минимален, краток како форма, но полн со духовити поенти. Ќе ве насмее додека ви зборува за патувања низ вселената, пријателство, љубов и егзистенционализам.

 

 

trash

A post shared by Poorly Drawn Lines (@poorlydrawnlines) on

 

 

Zen Pencils

Ова е еден малку поинаков концепт од останатите на листата. Имено, креаторот Gavin Aung Than, илустрира познати цитати и ги развива во инспиративна приказна. Можеби нема премногу хумор во нив, но затоа има многу содржини кои ќе ви го стоплат срцето. Од дела на Ернест Хемингвеј и Едгар Алан По, до говори на Стив Џобс, на Zen Pencils ќе ги најдете илустрирани најинспиративните делчиња од човечката архива. Одличен начин да се мотивирате и да се збогатите со некоја мудрост.

 

Gudim

Сѐ уште нема свој веб сајт и не е класичен стрип, но дефинитивно вреди да го заследите на Фејсбук и/ли Инстаграм. Рускиот илустратор, Антон Гудим, создава смешни и саркастични илустрации без текст, кои ќе треба да ги погледнете повеќе од еднаш за да ги сфатите. Шармот им го дава фактот дека бараат да си го вклучите мозокот. А освен што се добро промислени, и технички се одлично изработени.

 

 

A post shared by Gudim Anton (@gudim_public) on

 

 

(С)трип

Како што е редот, го затворам овој текст со македонски производ. Авторите им се познати на редакцијата, но не ги споделуваме затоа што ги знаеме, туку затоа што хуморот им е навистина одличен. Дури и не-толку-добриот цртеж додава на шармот, односно е промислен дел од целокупниот израз. Да не ги фалиме, проверете.

 

Comments

comments