Smirnoff подарува гратис карта за Д Фестивал! 🔴 Сè што треба да направиш е да дојдеш на еден од нивните промотивни настани кои започнуваат денес и да нарачаш Smirnoff пијалок. 🔴 Повеќе инфо тука.

Од 6 до 9 јули Дојран осма година по ред ќе биде домаќин на Д Фестивал, еден од највозбудливите летни македонски фестивали на отворено. Како и секоја и оваа година, Д Фестивал повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и да бидат дел од уникатната атмосфера.

Д Фестивал 2018 нуди богата музичка програма, која е добро наштимана да привлече што е можно поразновидна публика, која преферира различни музички правци и стилови. Оваа година ќе можете да ги проследите и да уживате во настапите на музички ѕвезди од калибарот на Sevdaliza, Paul Van Dyk, Disciples, Duke Bojadziev и многу други, но и во голем број на едукативно-забавни активации и настани.

Ова се 5-те работи кои ни „фатија око“ од овогодинешната програма на Д Фестивал и кои нема да ги пропуштиме.

 

TDFU Takeover, Lake Awake стејџ

8 јули, почеток 23.00 часот

Како и минатата година, така и оваа, водечкиот македонски трап колектив, #TrapDaFuckUp ќе го „окупира“ Lake Awake стејџот во Дојран. Исто така, TDFU слават 4 години постоење, што ќе послужи како одлична причина за уште подобра журка.

Настапуваат: Irie Scratch, Druggy, Donplaya & Bon Praskiza, Gloomié, Petr x Ogi и Neox. Журката ќе трае до раните утрински часови. Скрррррт.

 

 

 

Пушти КРИК на Д Фестивал!, ПлоштАрт зона

7 и 8 јули, почеток 13.00 часот

Екипата на Крик за првпат ќе бидат дел од програмата на Д-Фестивал.
Улогата на Криковци на Д-Фестивал е да те води на потрага по скриено богатство.

Прво нешто што треба да го направите за да бидете дел од оваа потрагата по скриеното богатство е да соберете друштво од 5 члена и да го пријавите вашиот тим на infokrikcenter@gmail.com.

Како да се пријави тимот?
1. Соберете 5 члена и составете го тимот.
2. Смислете име.
3. Направете креативно видео во кое го претставувате тимот.
4. Испратете го вашето видео по е-пошта.
5. Готово.

Во потрагата ќе бидат вклучени 6 тимови кои ќе имаат задача да поминат 6 точки и да извршат 6 задачи.

Важно: Во апликацијата, наведете кој ден би сакале да учествувате во потрагата. Краен рок за аплицирање е 30ти јуни 2018.

 

 

 

Take a Stand: Legalize Cannabis!, Здружение на граѓани стејџ

6-8 јули, почеток 14.00 часот

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје, ќе бидат дел од овогодинешниот Д Фестивал во катчето предвидено за здруженија на граѓани.

Членовите на БИЛКА ке учествуваат во интерактивен дел со публиката односно дел од основачите ке оддржат две предавања:

На 6 јули, со почеток во 14.00 часот, психијатарот Дарко Костовски, ќе оддржи предавање на тема „Употреба на канабисот во психијатријата и при лекување на опијатски зависности„ а следниот ден на 7 јули, со почеток во 15.00 чссот адвокатот Јанаки Митровски ќе одржи предавање на тема „Права на уживателите на канабис при контакт со полиција”.

 

 

 

Dnb Step Contest by Bass Lab, ПлоштАрт зона

7 јули, почеток во 13.00 часот

Dnb Step Contest или натпревар во играње (степање), во организација на Bass Lab е еден од новитетите во програмата на Д Фестивал 2018.

За да учествувате на овој натпревар треба да се пријавите тука и притоа можете да постирате и линк од вашето видео со кое по автоматски пат ќе учествувате во гласањето кое може да ви донесе гратис влезница за вас и вашиот пријател.

Најдобрите степери од натпреварот на Dnb Step Contest ќе имаат можност да освојат една од следнивенагради: 2 влезници за Green Beach Festival, гајба пиво и промо материјал од Bass Lab и Д Фестивал.

 

 

 

Настапот на Sevdaliza, главна бина на Д Фестивал

8 јули

Авангардната поп ѕвезда Sevdaliza, ќе настапува на Д Фестивал 2018. Според сите гласини и шушкања, се очекува настапот на госпожата Sevdaliza да биде хајлајтот на Д Фестивал 2018.

На 8 јули, на главната бина на Д Фестивал, иранската мега-дива Sevdaliza ќе има свој концертен настап на кој ќе имаме можност за прв пат во живо да уживаме во песните „Human“, „That Other Girl“ и „Sirens of the Caspian“ и остатокот од нејзиниот деби албум „ISON“, за кој музичките критичари велат дека е предвесник на новата музичка ера.

 

Comments

comments