Каков перфектно исцеден портокал, од каде го зема?

Убедена бев дека единственото нешто кое некогаш ќе го јадам, кое искочило од блендер – е милкшејк од јагода, а еве сум, 09.30 ч. наутро во понеделник, договарам протеинска салата и бомбици од Вега.

Минатата година ги прелистував полиците за здрава исхрана низ супермаркетите во потрага по Quinoa, Чиа семки и Кефир.

На што ќе ги трошиме нашите тешко заработени пари во 2016 мислејќи дека ќе направи толку голема разлика?

 

Овес 2.0

OATS

Популарноста на овесот нема во план да опадне, се појавуваат сè повеќе невозможно добри комбинации и надградби на старите: овес+кокосово масло+јаворов сируп, овес+гранола+лешник…

 

Koji

koji

Специфичен вид на ориз (ако сакаш да звучиш паметно: Aspergillus oryzae), кој традиционално се користи за изработка на соја сос. Професионалците моментално го користат во спремањето на зеленчук на скара и во сосови за салата. Зошто ќе биде хит: додава „масен“ вкус на храната, а не содржи никакви соли, шеќери или масла. Затоа предвидуваме дека оваа година сè повеќе ќе се користи во комбинација со пилешко и морски плодови.

 

Наут

CHICKPEA

Доколку на некое мени видите panelle, panisse, socca, cecina – нарачајте го. Што имаат овие јадења заедничко? Сите се направени од брашно од леблебија, без-глутенски се и високо-енергетски.

 

Куркума

куркума

Сеприсутна во источната медицина, куркумата пополека се докажува на западниот пазар преку шмекот кој го додава на слатките, а и на солените јадења. Куркумата во прав не е ништо ново, сигурно досега сте ја јаделе во кари, но е новиот хит преполн со антиоксиданти и специфична портокалова боја.   

 

Drynuary

januari

Иако веќе половина од јануари помина, најновиот хит за овој месец (сличен на Movember и ноември) е Drynuary – целосно безалкохолен јануари. Џин тоник без џин?

 

 

Comments

comments