Продолжи да читаш ако исто како мене и ти за прв пат во животот си зготви свое јадење на 19 години (пржени јајца).

До пред година-две, сè што знаев да направам беа супер тенки палачинки и мафини со шумско овошје. Можеби беа вкусни, ама дефинитивно не претставуваа некои сериозни кулинарски вештини. Но еве да ја злоупотребам приликава и да се испофалам дека денес моето мени се има појачано со многу јадења и усовршени кулинарски вештини.

Подолу се YouTube каналите, кои во комбинација со неколку добри блогови за храна, за кои ќе се вратам да позборам во некоја наредна прилика, овозможија сега да изјавам дека конечно сум возрасен човек кој сам си припрема јадење.

Ако и ти веруваш дека секој треба да знае да приготви вкусно јадење за себе и своите блиски, разгледај ги овие канали и кажи ми дали сакаш да напишам и за блоговите кои ги собирав низ годините.

 

 

Bon Appétit

Ако сакаш вистински рецепти за сериозни јадења без мрзливи shortcuts. Bon Appétit е, според мене, најдобриот магазин за храна моментално во светот, а каналот на youtube им е подеднакво квалитетен.

 

 

CupcakeJemma

Ако обожаваш тешки, самоубиствени, американски стил на благи. Не можеш да одолееш на мафин со три вида чоколадо? Ова е твојот рај.

 

 

Donal Skehan

Ако сакаш безбедни рецепти за било секакви јадења, кои нема шанси некогаш да испаднат лошо. Секој од рецептите има видео и пишана верзија на блогот на Donal. Личен фаворит ми е тирамисуто и индиски butter chicken.

 

 

Tasty

Ако сакаш канал со видеа што нема да прекинеш да ги гледаш, но никогаш нема да ги зготвиш.

 

 

Epicurious

Ако врвот на твоите кулинарски способности е шопска со ситно рендано сирење, не планираш убер-сериозно да се посветиш на готвењето и обожаваш рецепти што имаат „15 минути“ во името.

 

Comments

comments