Иако металот сам по себе е прилично машка субкултура, особено во делот на бендовите, тоа не значи дека нема жени коишто не металствуваат до смрт и понатаму.

Базата на фанови секогаш била мешана, особено во 80-тите со hair metal-от коишто мање више е метал за пичиња (органот, не карактерната особина). Жени во металот имало, има и ќе има, а јас во ова кратко излагање ќе посочам на моите 5 омилени женетини. Еј да, ако ги очекувавте стандарните фејк металки со големи цицки, извинете текстов нема да е за нив.

 

5. Doro

Dorothee Pesch или народски позната како Doro, е германска пејачка во жанрот heavy metal. Родена е 64-то годиште, најверојатно заедно со мајка ти и татко ти, само за разлика од нив нема кредит за твојот неспособњачки гз да оди да студира дизајн на приватен факс, затоа што одењето на УКИМ ти е претешко!

Doro има 12 албуми, констатни настапи низ Европа, и е тешка милфара. Кариерата ја има започнато со бендот Warlock за понатаму да продолжи со соло кариера. Од многу металци е наречена Metal Queen. Give her a listen, why don’tcha!

 

 

 

4. Candace Kucsulain

Candace е фронтменката на бендот Walls of Jericho, бенд кој свири дрзок американски metalcore. Candace, барем за мене е една од најдобрите вокали во денешниот metalcore/hardcore, како и една од најмајкоебените жени кои мора да ги гледаш live, а тоа задоволство сум го имал два пати, a вториот пат оваа година во Минхен и МЕ ДОПРЕ ЗА РАКА!!! Не ја бев миел раката со недели.

Висока е колку Штрумфета, пее како Сатаната лично, се натпреварува во weightlifting, и одговорно тврдам дека дига повеќе од твојот другар crossfiter кој најдобро ја знае дисциплината спиење до 10 секој ден, пиење whey и трошење на парите на мама и тато. Патем е од Detriot, најгадниот град во САД, па можеби и затоа звучи како сака да те убие во секој момент.

 

 

 

3. Mlny Parsonz

Mlny е фронтменката на Royal Thunder. Бендиште. Психоделичен рок, со металски призвуци и потенцијал да станат уште подобри како одат понатаму во стонерските води. Последните 2 албуми на Royal Thunder се толку добри, што те тераат да раскинеш со девојката, само за да страдаш повеќе и да се соживуваш повеќе со песните и текстовите.

Мlny има поприлично заебано минато, растена во сатанистички секти, окултизам, вештерство, култови со оргии и слично. Мање више стандардно девојче од уметничко. Сега е тргната од сите глупости и е посветена на творење во еден од најуникатните бендови на денешницата.

 

 

 

2. Jo Bench

Дали треба да објаснувам за некого што се презива BENCH АЛООООООООО!!!
Басистката во култниот death metal бенд од Coventry наречени Bolt Thrower е на високото второ место на мојата листа на мајкоебачки во металот. Bolt Thrower е еден од најуникатните death metal бендови во историјата, ретко менуваа постава и за жал се откажаа од свирење откако им умре тапанарот.

Jo Bench има допринесено за режечкиот звук на Boltthrower и има докажано дека во гнасотилакот наречен death metal не само што има место за жени, туку и дека тие жени умеат да кршат черепи еднакво добро како мажи. Исто така, не сакам да шпекулирам, ама има завршено во ГУЦ и го има шинато чичко ти од ќутек, сама.

 

 

 

1. Lori (Fucking) S.

Lori S. e бескомпромисниот гениј зад мајкоебената стонер машина наречана Acid King.
Се што треба да знаете за оваа жена е дека ги има напишано албумите „Acid King III“ и „Middle of Nowhere, Center of Everywhere “. Жена којашто личи на просечна македонска домаќинка плус тетоважи, мотор и рифови во глава за албуми кои ме натерале да се исклучам од планетава на час-два, без никаква помош од психотропни супстанци. Oкултизам, пустина, развод со Dale Crover од Melvins, како и огромни количини пиво прават таква музика, јебига.

Lori S. и има раскинато на баба ти, дур се фукарала со дедо ти.

 

 

 

П.С. Без оваа дива на СФРЈ нигде не идеме батице.

 

Comments

comments