Фотографии: Александра Костадиновска
FitKit-ери: Томислав Јовановски, Мими Марковиќ, Андријано Додевски, Никола Шескокалов, Ангелина Блажевска и Ивана Батев
FitKit локации: СЦ Јане Сандански, CrossFit Skopje и Inside Yoga

 

До пред неколку години ако некој вежбаше редовно во теретана значеше дека сонува еден ден да ја брка истата топка со Роналдо.

Денес сите вежбаме. Од неодамна-пензионирани и хипстери до програмери и сликари, па дури и класични дедовци од типот на Bruce Springsteen и J.K. Simmons. Па ако порано и се смеевме на Madonna за нејзините „Madonna arms“, сега се чини дека сите имаат по еден пар (осмели се само да и погрешиш нешто на Jada Pickett Smith).

Мислам дека конечно ја добивме пораката дека да бидеш во форма не е само секси, туку и неверојатно здраво за твоето тело и ум. А и дополнително, толку е веќе едноставно да бидеш активен, што тешко е да одолееш. Ако порано требаше да менуваш 2 автобуси за да стигнеш до салата кај што другар ти вежба, денес во маало имаш повеќе теретани од пиљари. Има дури и цели компании посветени на тоа да ти го направат вежбањето полесно, како новата македонска апликација FitKit.

FitKit e мобилна апликација (100% Македонска) достапна на AppStore и GooglePlay преку која со една членарина може да се посетуваат повеќе од 30 фитнес центри и студија низ Скопје. Студијата нудат различни фитнес тренинзи и активности во категориите: фитнес, функционални тренинзи, пилатес, јога, аеробик, танцување, пливање, боречки вештини и друго.

Една од најсимпатичните и фасцинантни работи кога ќе почнеш да вежбаш е дека првите неколку посети се секогаш страшно чудни и незгодни. Како да не бидат? Кога влегуваш во огромна соба со полу-голи, испотени луѓе што не ги знаеш, кои избегнуваат да им се сретнат погледите, но се чини како истоврмено да се натпреваруваат еден со друг.

Ова нè инспирираше да составиме листа на 7 чудни и смешни работи кои се сложивме дека на сите нас ни се случиле на вежбање, а за кои сме сигурни дека ти се случиле и на тебе.

 

1. Кога користиш само 2 справи зашто искрено не знаеш како се користат другите.

Томе и Мими во СЦ Јане Сандсански, една од 30+ локации на FitKit

 

 

 

2. Кога другар ти со кој дојде да вежбаш е супер фит и пробуваш да вежбаш колку него (или повеќе од него).

Томе и Андријано во FitKit локација СЦ Јане Сандсански

 

 

 

3. Кога мислиш дека некој ти се пушта, а уствари е тренер.

Мими и Андријано во СЦ Јане Сандсански, една од 5+ теретани на FitKit

 

 

 

4. Кога се мачиш да се напиеш вода додека трчаш на тредмил.

 

 

 

5. Кога на јога треба да правиш вежби со партнер што прв пат го гледаш во животот.

Ангелина и Ивана во Inside Yoga, едно од 6+ јога студиа на FitKit

 

 

 

6. Кога половично ги правиш (или воопшто не ни пробуваш да ги правиш) вежбите на кросфит.

Никола и Томе во CrossFit Скопје, една од 30+ локации на FitKit

 

 

 

7. Кога ти е незгодно да се пресоблечеш во соблекувална зашто не си фит како другите, па чекаш прво сите да си заминат.

Томе и Андријано во FitKit локација СЦ Јане Сандсански

 

 

Comments

comments