Кога се пакувам за патување, тогаш сфаќам дека 95% од облеката што ја поседувам е црна.

Од нив 40% се маици, од кои 98% се црни. Извини, интересно ми беше да претерам со процентиве. Едноставно кажано – сите маици што ги имам се црни. И ми се здосади. После 3 години живот во „униформа“, опкружена со луѓе кои се прашуваат дали некогаш ја имам сменето маицата, решив дека дојде моментот да откачам и да набавам маици што ќе имаат боја на нив.

Искрено, не е лесно. Знам дека треба да биде, но првиот пат кога отидов во потрага по нови маици повторно купив црна, вториот пат покажав карактер и се вратив со празни раце. Третиот пат, како што обожаваат луѓето да кажуваат, имав среќа и најдов нешто што можам да се замислам да го носам.

После темелни анализи, кои започнуваат со прашањето „дали ќе можам маицава да ја носам на црни фармерки / црна сукња“, ова е мојата моментална селекција на маици кои би ги закачила во плакар и би ги нарекла свои.

Патем, сега е одличен момент за купување маици, зашто продавниците на Fashion Group (кои се спонзори на овој текст) 🛍 од денес имаат промотивен попуст токму на маички. Клик на фотографијата ќе те однесе директ кон онлајн купување.

 

 

Comments

comments