Спонзорирано од Vip
Фотографии: Вангел Тануровски

 

Диско-светот би бил поубаво место кога сите би изгледале на подиум онака добро како што си изгледаме во глава, а не раштрафено како 6 годишно дете да нè контролира со џојстик.

Па пробуваме да се помириме – не е денсање за секој, си бара талент, посебен ментален склоп и сериозен напор и работа. И тоа е ок, не сме сите денсери од мајка родени, нели? Но иако не планираме нашите денс-движења да ги однесеме некаде подалеку од скопско диско, не би требало да е толку тешко да изгледаме бар пристојно на подиум.  

Затоа разговаравме со најдобрите во полето, Beatrix Crew, во потрага по утешителен одговор на прашањето: „Дали и како може да изгледаме добро кога танцуваме?“. Ивана, Леонардо и Стефани за нас ги категоризираа видовите танци според музиката и ни помогнаа во совладување на основните движења што ќе ни помогнат нас (и на тебе) да не изгледаме лошо идниот петок во диско.

 

Old School

Добар “Old School” е нешто што се цени и ден денес. Тој е основата на хип-хоп танцот, а карактеристично за него е што го следи groove-от на добро познатите стари хип-хоп траки.

 

 

 

Moonwalk

Чекорот кој се прослави благодарение на Мајкл Џексон. Кога ќе се усоврши, навистина изгледа како да „чекориш по месечината“ и изгледа како танчерот да лебди на површината.

 

 

 

Classic Hip-Hop

Хих-хоп танцот вклучува многу работа со нозе (footwork) што можеби е и главна особина на овој вид на танц. Ова е едно движење кое изгледа навистина забавно.

 

 

 

Reggaeton

Reggaeton е танц кој се развивал независно од хип-хоп-от, но во последно време сè повеќе се прави фузија помеѓу овие правци. Додека хип-хопот е помоќен и посилен, регетонот додава некоја нежна и сензуална нота на движењата.

 

 

 

Breakdance

Брејкденсот е првата форма на танц која се изведува на хип-хоп музика. Во 70-тите години едно од нештата кои се случувале благодарение на ширењето на хип-хоп културата, биле и вечерните забави на кои тогашните DJ-и пуштале добри хип-хоп битови, а оние од публиката пак танцувале. Брејкденсот се состои од чекори на земја, power-moves и “toprock” потези кои не се изведуваат на земја. Нашиот гиф го покажува основниот “toprock” потег.

 

 

 

Poping

Tutting-от е еднен од составните делови на “Poping”, под-стил и еден од основните компоненти на хип-хоп танцот. За негова изведба, особено за посложените чекори, потребна е јака концентрација и многу подвижни зглобови и екстремитети.

 

 

 

New Style

“New Style” или модерниот хип-хоп танц (барем така го нарекуваат денешните, „нови” генерации) е танц кој во себе вклучува огромен број на варијанти од истиот бидејќи подразбира користење на различни техники и подржува слобода во движењето.

 

 

 

House

House-от е уште еден социјален танц кој се создал благодарение на забавите во клубовите низ Њујорк и Чикаго. Негови составни делови се: “Footwork”, “Jacking”, и “Lofting”, а истиот се повеќе се користи и поврзува со хип-хоп танцот.

 

Comments

comments