Фотографии: Марко Марјановиќ

 

ind.o.g псевдоминот под кој сите го знаеме графичкиот дизајнер Горан Костовски. Препознатлив лик во урбаниот живот, својата инпирација за колекцијата „Celebrate Life“ ја црпи од градските субкултури.

Летово, DIY унисекс брендот полни 8 години, односно со нас е веќе 11-та сезона. И овој пат, „Celebrate Life“ ја слави субкултурата и урбаната алтернатива. Јубилејната лимитирана серија е во 40 парчиња, а oversized маицата е спакувана во торба дизајнирана специјално за 8 годишнината.

„Celebrate Life е мотивирачки подвиг на самите нас, да не се откажуваме од работите кои ги сакаме, без разлика колку и да се тешки и колку и да нема услови за нивна реализација“, вели Горан.

Конкретната фотосесија е дело на Марко Монс со кој што Индог соработува последните години. Во неа се појавуваат DJ Soul Case и Александра во уметничка дирекција на ind.o.g и постпродукција на Марко Монс.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments