Фотографии: Александра Костадиновска

 

Патување за време на сезона во која сè што ти треба од облека е апостолки и костим за капење, остава одличен простор за гаџети и ситници.

До неодамна живеев со патувачката-филозофија дека „сè додека имам новчаник и телефон, ништо повеќе не ми треба“. Наречи го старост, наречи го озбилност, но во моментов имам детално дефинирани листи за пакување, посебна за секое годишно време.

Не е тоа затоа што е голема трагедија ако спакувам 3 наместо 4 црни маици со кратки ракави, туку затоа што има пар работи кои сфатив дека имаат моќ да ти го направат (или уништат, ако ги заборавиш) одморот.

Во продолжение се 8-те работите за кои зборувам, некои од нив веќе чекаат во фиока спремни за следното патување, а некои посакувам и се надевам дека ќе ги имам.

За три од листата (GoPro Hero 6, Beats слушалки и JBL звучник), можеш да им дозволиш на пријателите од Heineken да се погрижат. Тие моментално имаат наградна игра, на која не само што доделуваат по неколку од секој од овие модели, туку доделуваат и патување за Амстердам за двајца, со кое ќе го решат и проблемот на „следна дестинација“.

Повеќе инфо за Heineken наградната игра и за како да учествуваш можеш да најдеш на крајот од текстот.

 

 

1. Кутија за јадење

Уште едни времиња и навики кои се обидувам да ги оставам зад себе и дефинитивно ми успева. Сникерс од бензинска пумпа за ручек? Не фала. Нема само да ти заштеди пари, туку и лоши одлуки. Ние ја купивме нашата кутија од тука.

 

2. Gopro Hero 6

Heineken подарува x6 камери

Да бидеме реални, мобилен и Инстаграм можеби се добра опција за камера, но ако планираш денот да го поминеш низ уличките на некој град, секогаш е добро да понесеш нешто на што нема да мора да му ја полниш батеријата секои 2 часа.

 

 

3. Перница за патување

Тука би додала и тампони за уши и маска за покривање очи, но нема да го направам тоа, затоа што ќе речеш дека претерувам. Перница за патување, без разлика дали е онаа што ја чуваш на софа во дневна или ќе ја купиш специјално за патувања, е „must“.

 

4. Шише за вода

Можеби повеќе секојдневен-предмет-за-во-ранец, отколку само за патување, шише за вода е мала инвестиција што ќе те спаси во многу моменти. Плус, не само тебе, туку и земјата, која ќе ја спасиш од непотребни дополнителни грама пластичен отпад. Наша препорака е ова.

 

 

5. Splitter за слушалки

Прв пат го видов на „Mystery Train“ од Jim Jarmusch и решив дека (во пар) без сплитер не се патува. (Читај со глас од тв-реклама:) Кажи им збогум на проблемите со кратки кабли на слушалки и слушање на само едно уво. Тешко се наоѓа во Скопје, затоа наша препорака е да го нарачаш онлајн.

 

6. Тефтер

Сè уште не им верувам доволно на телефоните за да можам да се потпрам целосно на нив. Затоа со себе секогаш понесувам тефтер во кој, не само што ги запишувам важните адреси од AirBnb, туку и ќе послужи како папка за интересни картички што ќе ги соберам. 

 

 

7. Beats слушалки

Heineken подарува x42

Можам да набројам 20 сценарија во кои слушалки се спасот. Без разлика дали ти треба нешто што ќе ти помогне да се исклучиш од звуците околу тебе, ти треба музика што ќе те опушти или за да слушаш книга која никогаш инаку не би ја прочитала – ништо не вреди да понесеш во ранец повеќе од пар добри слушалки.

 

8. Термос за кафе

Можеби ова важи само за оние кои, како на мене, денот им пропаѓа ако испиле помалку од 1 литар кафе, но верувај ми – никогаш нема да се покаеш ако спакуваш кафе, што ќе остане ладно/топло наредните неколку часа.

 

 

БОНУС: JBL звучник

Heineken подарува x42

Го додаваме како бонус, затоа што е премногу скапо за да го вброиме во листата погоре. Но Heineken моментално подарува 42 звучници, кои дефинитивно би ни ги разубавиле патувањата.

Зашто – ги знаеш оние денови кога решивте да останете во стан за да гледате филм на тераса или да пиете Heineken пиво во парк? Времињата кога си дозволувавме да слушаме добра музика на лош звучник од телефон сакаме да ги оставаме зад нас.

 

 

Правила за учество на наградната игра на Heineken

Право на учество во наградната игра имаат сите купувачи кои ќе купат пиво Heineken со етикетата „Live Your Music”, во стаклено пакување од 0,33л или од 0,5л, и ќе го испратат кодот кој се наоѓа под капачето преку СМС на телефонскиот број 14 99 14. Цена на секоја порака изнесува 5,9 ден. за СМС со вклучен ДДВ.

Повеќе информации за наградната игра може да најдете на liveyourmusic.mk.

 

Comments

comments