По 35 годишната музичка апстиненција швеѓаните ABBA најавуваат два нови сингла.

Да, некогашните победници на Евровизија и мегапопуларните ABBA се враќаат на музичката сцена со две нови песни, од која првата е наречена „I Still Have Faith in You“ и се очекува да биде објавена во декември оваа година.

Оваа новост доаѓа поврзана со веста од 2016 година, кога ABBA соработуваа на „ново догитално доживување“ со Universal Music Group и креаторот на “American Idol”, Simon Fuller. Како продолжение на оваа вест, во декември, промоцијата на нивниот најнов сингл ќе биде направена на телевизија, преку виртуелни верзии на ликовите од бендот, резултат на оваа соработка од 2016. Нивната тура како дигитални аватари е закажана да започне во 2019. 

 

Comments

comments