Вчерашниот ден, Action Bronson, американскиот рапер со албанско потекло и корени од Скопје, го помина во Старата скопска чаршија, на дегустација на бурек и на ќебапи во Турист.

А после кратката прошетка, Action Bronson (помалку познат како Ариан Аслани), бил специјален гостин во студиото на Гоце САФ, каде се случила спонтана кулинарска-дружба помеѓу Bronson, Гоце САФ и Fat Cacko. Таму, во придружба на мрсен и квалитетен рап, се дебатирало и мезело сарма и пинџур, специјално приготвени за оваа средба од страна на Fat Cacko, креаторот на новиот македонски серијал за готвење, „Fat Кitchen“.

 

View this post on Instagram

Fat Kitchen имаше eксклузивнa можност да готви за легендарниот и единствен Action Bronson! Ни помалку ни повеќе, правевме традиционално јадење – сарма… еден од неговите омилени специјалитети од детството.

За жал, немавме можност ова искуство да го документираме со видео, но секако, ќе го направиме тоа во некоја наредна прилика 😉 Посебна благодарност до луѓето кои овозможија ова да се случи / @dj_goce и Samir 
Fat Kitchen had the opportunity to cook for the one and only Action Bronson! We made traditional recipe for him – Sarma… one of his favorite dishes from childhood. 
Unfortunately we didn't had the chance to record this awesome experience, but next time we will for sure (teeth) Special thanks to the people who made this thing real! DJ Goce and Samir

#fatkitchen #pinched #fuckthatsdelicious #bambambaclava #viceland @fatcacko Nikola Isailovski @stefan.rajhl Stefan Rajhl

A post shared by Fat Kitchen (@fat__kitchen) on

 

View this post on Instagram

#fuckthatsdelicious

A post shared by DJ Goce (@dj_goce) on

 

Инаку, поводот за краткото гостување на Action Bronson во Скопје е утрешниот негов настап на првото издание на Sunny Hill Festival во Приштина, еден од најнадежните европски летни фестивали кој започнува денес со перформансот на поп дивата Dua Lipa и ќе трае сè до 13 август.

Повеќе инфо за фестивалот тука.

 

Comments

comments